Значи, стварно побеснав. Не, тоа не беше само бес. Тоа беше и јад, и болка, и згрозеност, и желба да викам колку што ме држи гласот. И да бегам, да фатам уџум, некаде каде што ни сеќавањето на оваа трагедија нема да ме прогонува. А по кого да викам? Има ли некој што слуша во оваа земја? Има ли некој што ќе стане да го сопре ова садистичко плукање по нашата интелигенција? Има ли некој што навистина го боли душа од овој бесрамен терор? Или баш им е гајле на сите? Па овие луѓе околу мене имаат ли гордост? Па каде се, бе, да излезат илјадници на број и да побараат стопирање на ова бескрупулозно дивеење со туѓи пари? Па дури и оние баби и дедовци на кои им го узурпираа просторот на кој им проодуваа внуците, и нив ли, барем малку, мува не ги лази? Или можда се среќни што отсега натаму ќе кулираат опкружени со злато, во очекување на рубини и дијаманти наредени по барјаците и ножевите на некои непознати борци од нашата славна светска историја што ќе следат по златниве коњи?
Е, моја опозицијо! Сите опозиции на светов покажаа чувство за борба, дури и околу далеку побенигни ствари. Кај нив властите барем не им го масакрираат идентитетот и не им чепкаат по генетската структура. Тебе, опозицијо, и оваа количина лудило не ти е доволна за да се отрезниш и станеш на нозе. Срамота! Ако, нека ти редат коњи на сите страни. Абе не коњи, крокодили и камили нека редат, зашто Воинот и Сахара и Нил ги покорил. Зар не гледаш, млитавице една, дека си играат дрндупка со тебе додека твоине се тумручат по телевизиите повторувајќи едни исти мизерни муабети од кои веќе ни’ се превртува во стомакот? Ти редат коњи за да ти покажат дека не им можеш ништо. И не им можеш. Прашај се веќе еднаш зошто. Јас не сум тука за да те учам.
Читам по социјалниве мрежи - има луѓе на кои им се гнаси од речникот на Бранко Тричковски. Бил вулгарен. Го претерал. Ма немој! Е јас мислам сосема поинаку: кој не ги препознава своите мисли, емоции и човечки реакции во зборовите на Тричковски, и кој не се идентификува со неговиот отпор кон оваа излудена стварност што ни’ ја кројат без парче почит, за мене тој е еднакво виновен за работите што допрва ќе ни’ се случуваат. Ако е вулгарно тоа што го зборува Тричковски, тогаш како да го наречеме ова што со години ни’ го прави оваа власт?
Во принцип, не бендисувам пис усти. Ама, за тие што не знаат, да кажам дека вулгарниот говор, освен ако не е резултат на примитивизам и недоученост, претставува само вербална реакција на голема фрустрација. Значи, кога веќе не се може.
Јас сум таков. Денес побеснев, полудев, да имав добро оружје ќе убиев, кога ги видов маката и очајот на луѓето на donacii.mk
ReplyDeleteПа, кога почнав да пцујам по дома, по Твитер, на куче и маче...
Ах, пријателе, да се надеваме дека нашите пцости ќе се обединат во хорски настап...
DeleteZdravo. Dali bi sakale tekstot da bide prenesen na okno.mk? Dokolku sakate ispratete ni mail ili dajte ni dozvola tuka.
ReplyDeleteSo pocit,
redakcija na okno
Имате дозвола да го објавите постот.
ReplyDeleteПоздрав