Во последниве две децении светот му се враќа на готвењето дома. Причините за тоа се бројни: од алармантните статистики за прекумерната дебелина поврзана со нездравите прехрамбени навики, преку експанзијата на болести што се резултат на прекумерната телесна тежина, се’ до обидите за реанимирање на улогата на семејството и заедничкиот ручек во современите западни општества. Во ресторанската сфера, тренд е интернационализација на храната, со акцент на здрави, необемни, пробрани и квалитетни оброци.
Светските телевизии се преплавени со емисии за храна и готвење, па дури се снимаат и играни филмови со готвењето во фокус. Десетици професионални или полупрофесионални готвачи станаа мега ѕвезди, а пиплметрите сведочат за голема гледаност и комерцијален ефект. Џејми Оливер („разголениот шеф“), таа маркетиншка приказна за слаткото момче, оженето младо, распалавено меѓу тавите, зачините и убавите плодови од природата, денес е кулинарска икона на фејсбук-генерацијата. За време на Олимпијадата летово, велат дека бил една од главните атракции за гостите од сите континенти. Џејми денес е суперстар, институција, а неговата веб страница е култен водич за готвењето кај младите двојки. Или, Најџела Лосон, раскошната бринета, сопруга на могулот на рекламата Чарлс Сачи, од новинарка се трансформираше во готвачка за семејството која, преку рецептите за брзо и едноставно угодување на стомаците на нејзините блиски, се позиционираше како миленичка на средовечните Британки. Најџела игра на картата „толку лесно, а толку вкусно“, па ги натера и жените кои цел живот бегале од кујната, да се фатат за кутлача. Па Ана Угарковиќ, хрватската дизајнерка на храна, успеа да ги убеди (особено) жените од екс-Ју просторот дека готвењето не е кулук, туку една отмена работа што баш високо се вреднува, а може да се спореди со професиите од областа на уметноста. Занаетот го учела во Италија и Англија, а денес ужива статус на селебрити. Настапуваше дури и во шоуто Ѕвездите танцуваат. Кај нас, емисијата Кај Ана сега оди на Сител, ама со исклучително несоодветна надсихонризација. Наместо Ана, слушаме актерка која внесува непотребно многу еротика во проектот, така што оваа македонска верзија на емисијата, барем мене, ми е апсолутно одбивна.
Што се однесува до темата храна на големиот екран, да се потсетиме само дека во 2009 година еден од фаворитите за Оскар беше филмот Џулија и Џулија, екранизирана биографија на легендарната Џулија Чајлд, сопруга на американски дипломат во Париз, која уметноста на француската кујна што ја совладала во тие свои француски години од животот, им ја пренела на Американците преку ТВ серијал во педесеттите години. Потоа филмот Чоколада, заводлива приказна за тоа како „неморалот“ на оваа посластица го разбранува лицемерниот менталитет на конзервативната француската провинција. Сцените на подготовка на чоколадата (Жилиет Бинош), во класично мануфактурни услови, се едни од најсоблазнувачките филмски кадри за вкусните сетила снимени било кога.
Убаво е што и кај нас приготвувањето храна е инспирација за повеќе телевизиски продукциски проекти. Но, впечаток е дека нешто фали за сите овие шоуа да го постигнат ефектот на подобрите сродни странски проекти. Мојот коментар е а) дека местото на спонзорите на овие програми е пренагласено, и б) дека продуцентите не прават напор овие проекти да промовираат современа кујна. На пример, проектот Храна и вино со години е актуелен меѓу македонските домаќинки, па дури и во периодите кога се репризира. Концептот на емисијата е подготовка на јадења од страна на професионален готвач, но според рецепти од гледачи. Две основни работи ја редуцираат вредноста на проектот. Прво, тоа е готвачот кој никогаш не зборува, па неговата улога ја доживуваме како минорна. Тој јадењето го подготвува како типичен кафеански кувар, не како шеф, а низ рецептот ве води глас на наратор. Второ, емисијата промовира храна со екстремно високи калориски вредности. Така, задолжителни состојки на скоро секое солено јадење се кашкавалот, шунката, печурките, па и мајонезот и киселата павлака, а кај слатките јадења тоа се многу шеќер, јајца, брашно и слатка павлака. Значи, од аспект на трендовите за здрава храна - тотално промашување. Се разбира, спонзорот се спомнува по сто пати во текот на емисијата. Го имаме и реалното шоу Во оган, кое на површина исфрли неколку млади професионални готвачи, кај кои амбицијата да создадат успешна кариера заслужува почит. Меѓу нив има поединци со потенцијал за нешто навистина повеќе од македонското просечно. Тоа што пречи е недостигот од малку повеќе шлиф, убаво вербално изразување и малку попрефинет, понежен фат во текот на подготовката на храната. Тоа грубо ракување со продуктите често пати ја банализира атмосферата и го расипува чувството на слатко исчекување кај гледачот/консументот. И конечно, ја имаме емисијата на Адријана Алачки, Вкусот на традицијата, која го промовира подготвувањето јадења од нашето поднебје, и тоа во етно амбиент. Мојот впечаток е дека Адријана, која на почетокот беше пипка-трепка, сега веќе добро си ја врши работата. Два совети: и покрај тоа што секогаш е уредна, чиста и со прибрана коса, таа мора да ги исече ноктите. И второ, колку тоа и да е дел од традицијата, Адријана од репертоарот мора веќе да ги исфрли сите оние силни запршки. Ако продуцентот искрено сака не само да забавува и рекламира (Сковин), туку и да едуцира и да ги поттикнува современите принципи и култура на исхраната.
9/06/2012
9/05/2012
Скопските плажи на моето детство
Бев многу мала кога татко ми ме носеше на плажа на Вардар. Толку мала што сега не можам ниту да потврдам, ниту да одречам дали денешниве плажи ги градат на нивните некогашни локации. А татко ми веќе не е меѓу нас за да ми помогне во проценката. Како и да е, во попладнињата на работните денови во јуни и јули, кога Скопје ќе се усвитеше под зажареното летно сонце, татко ми ме седнуваше во корпата на неговиот црн велосипед марка „Рог“и тргнувавме на плажа. Се сеќавам дека возевме спротивно од текот на реката, по насипот, стврднат и распукан од летната суша, од двете страни обвиткан со диви жбунови и стари дрвја, како тунел. На места растеа и капинки; кој знае дали некој ги беше засадил или беа самоник. Одевме на една малечка плажа зашто татко ми никако не сакаше гужви. Поради тој негов отпор кон врева и масовни собиралишта, сите одмори со моите родители ги поминав по ненаселените јадрански острови, по селца на брегот чии имиња беа непознати за туристите, или на охридските диви плажи по патот кон Свети Наум. Така и на Вардар, татко ми беше пронашол една баш скриена плажичка, целата заградена со капини и коприва, на која ретко кога ќе затечевме по некој осамен капач. Мајка ми беше дошла неколку пати претходно за да провери дали местото е безбедно за мене, малиот вардарски почетник, и да биде сигурна дека реката тука не прави вирови.
Во нашето пошироко семејство татко ми беше познат како роднината кој сите деца ги научи да пливаат. Со таквата мисија почнал уште како дете, во триесеттите, вели легендата, откако ја стекнал довербата на дедо ми и баба ми, а потоа и на сите негови чичковци и тетки, чии деца ги навлекол на страста за Вардар. Потоа ги зел под свое сестра ми и нејзините другарки, па децата од комшилукот, па на крај дојде редот и на мене. По толку години, сакам да кажам дека тој вардарски ритуал мене не ми беше премногу пријатен. Некако мислам дека во целата приказна учествував активно повеќе за да не му го расипам ќефот на татко ми, отколку за сопствено уживање. Мене реката ми беше некако дива, страшна. Па и тоа мало плажиче, два на два, далеку од цивилизацијата, ми се чинеше како крај на светот. Гледајќи од брегот кон средотекот, го имав тоа чувство на блага трема, дури можда и извесна анксиозност, ете толку реката ја доживував како моќна, а целиот тој простор како изолиран во тишината. Плажата мирисаше на мил. Тоа е оној најситен песок, речиси земја, кој кога е мокар станува толку мек што нозете ми пропаѓаа во него кога ќе завлезев подлабоко во реката. Исплашено го гледав татко ми од страв да не потонам целата, а тој ме куражеше да продолжам и да не се плашам зашто тој е тука, до мене. Татко ми, реката и јас, тоа е сликата што ми остана врежана во сеќавањата, заедно со чувството на тој неодреден страв од природата што сум го имала како мала.
Кој успешно го поминал курсот на татко ми на Вардар, стекнуваше право со него да оди на Кривината на Треска. Тоа е истата онаа кривина на Треска што потоа прерасна во викенд одредиште на Скопјани. На која се печеа скари и се славеа големите државни празници во пролет и лето. Во времето кога татко ми ме носеше таму, тоа беше само еден прилично пуст предел покрај реката, згоден за правење излет заради големите сенки и просторот за игри со топка. Луѓето немаа коли за помасовно да дојдат до оваа плажа. Поради тоа, многу пополни беа плажите во Сарај, до каде се стасуваше со градскиот превоз. Татко ми не не’ носеше на Кривината на Треска пред средината на јули зашто реката, самото име сведочи за нејзината главна карактеристика, е мраз ладна. Се лаже оној кој мисли дека во јули таа е нешто многу потопла, ама според критериумите на татко ми, јули беше таман. Како успеавме да родиме деца после сите тие капења на кривината - не знам, ама знам дека таму немав право да останам во вода подолго од десет-петнаесет минути, плус нуркањето ми беше забрането. Кога ќе излезев од реката, татко ми инсистираше долго да лежам на топлите камчиња на брегот за телото што повеќе да ми се згрее. Потоа морав да го изедам сендвичот со путер и кашкавал, како што наложила мајка ми, па дури потоа добивав виза за второ капење.
Долго останував наежена по капењето на Кривината на Треска. И лубениците што ги положувавме меѓу камења во плиткото, за да се оладат, студенилото го задржуваа со часови потоа. Еднаш, наеженоста не ми помина до утредента. Ноќта барав ќебиња за да се стоплам, а мајка ми викаше по татко ми, кој со израз на вина, се преправаше дека чита во дневната соба. Таа даде збор дека никој од нас веќе нема да влезе во Треска, ама самата прва го прекрши веќе наредната недела, кога прегреани од скопската жега отидовме повторно спасот да го бараме во студените води на бистрата река.
Фотографиите од моето детство се црно-бели. Останале неколку што татко ми ги направил на Кривината на Треска. Од нив не може да се види дали камперските столици на кои седиме мајка ми и јас се жолти или портокалови; може само да се погаѓа дали нашиот Fiat 600 D е сив или беж; треба да се мачам за да се сетам дали моето костумче за капење број 5 е црвено или сино. Но едно, секако, се гледа јасно: проѕирните води на реката, незавалкани, со ситни камчиња на дното, и сончевата светлина испрекршена меѓу малите бранчиња. Тоа се гледа на фотографиите, на кои татко ми се трудеше да креира композиција, така велеше.

9/01/2012
Македонија во шаховска завршница
За целосно збрлавување на јавноста/народот, се туркаат неколку различни пропагандни пристапи. Првиот е оној на власта. Пардон, на двете власти. Пристап преку кој на оној што гледа му се тврди дека е ќор, а на оној што слуша - дека е глув. Двете власти, седнати во иста зграда, а заштитени едни од други со добро изолирани ѕидови, спроведуваат две сосема паралелни, одвоени сценарија. На два различни јазици. Со сесрдна помош на две различни верски заедници. Под будното око на еден ист, моќен мониторинг. Кој едните го слават, другите го мразат. При тоа, едната од властите спроведува и сценарио за душманска поделба на своите, по чувство, верба и дух. Другата ги дели своите само по пристапот до пари; чувствата се исти. А долгата рака на нечии „големи пријатели“ ги гали сите за кои цени дека уште и’ требаат.
Вториот пристап е пофалба на компромисот. Го туркаат различни општествени групи: интелектуалци кои поминале секакви денови во изминатите дваесеттина години; повозрасни новинари кои имаат дополнителни информации од разни извори; невладини организации кои промовираат демократија и модернизам, и дел од народот без партиска книшка. Народ свесен за тоа колку жеже крвта во војна, народ кој одбива да биде ќор и глув, народ кој во делбите гледа злокобна алтернатива. Народ кој зазира од премногу „големи пријатели“.
Третиот пристап е јасна поддршка на делбите, а се пласира и од двете страни. Мотото е дека сме различни зашто сме иноверни, зашто сме жртви, зашто само нам ни’ припаѓа правото на мајоритет во одлучувањето, зашто оваа земја, по корен, ни’ припаѓа само нас. Пристапот пред јавноста го туркаат добро инструирани соработници на секакви тајни служби; фаци кои од маргиналци преминале во ороводци; фрустрирани поединци набутани и заштитени во скутовите на двете власти; културни дејци со тажни биографии и си-ви-ја; и жестоки потомци на каури и арнаути што гинеле едни од други. Се препознаваат обрисите на многубројните „големи пријатели“ кои штедро го хранат овој пристап.
Четвртиот пристап е умилкување на „големите пријатели“. Го везат некакви чудни поединци, искусни, а со затворени очи, умни, ама со некако пресметан ум, уверени цврсто дека големите пријатели на крајот нема да не’ (ги) зезнат.
Петтиот пристап е алатка на една млада, повеќеетничка група, активна на социјалните мрежи. Луѓе кои веруваат во заеднички живот, ама за таков не предлагаат рецепт. Луѓе кои ќе ве фатат за очи ако им кажете дека им треба малку организација за да ја зголемат својата влијателност и да прераснат во вистинско мировно движење. Но, тие одбиваат да бидат организирани и водени од било кого; велат, на тој начин би ја изгубиле слободата. За нив не постојат ни големи пријатели, ни големи непријатели; за нив единствена вредност на општетсвото е индивидуате и нејзините права. Поради тоа, една искрена желба за одржување на заедништвото во оваа земја само завршува во сајбер етерот без многу консументи, без многу ефект, и без да премине во сила.
Кој пристап ќе победи на крајот и ќе ја обликува иднината на оваа земја? Ќе се појават ли „големи пријатели“, кои ќе спречат победата да ја однесе, како што се чини сега, најгласниот и најмногу платениот пристап, оној што има начин да допре и до најоддалечените врати на македонските планински села за да ја разбуди генетската свест? Имаме ли таков пријател? Како што минува времето, јас се’ помалку верувам во тоа. Ни’ останува ли да гледаме како двете власти ќе ја доиграат последната партија шах под надзор на судиите делегирани од нечии „големи пријатели“?
8/28/2012
За предрасудите од кои страдам
На Алфа Телевизија оди една документарна серија која, споредено со темата што ја обработува, има малку необичен наслов - Стоковна куќа. За многумина од нас, тоа е една прилично носталгична серија. Таа се занимава со периодот на нашето ју-детство и младост, претставен преку приказни за одбрани ликови од југословенската музика, спорт, филм и култура, кои оставиле печат врз тоа, веќе баеги потиснато време. Секоја од приказните е раскажана во контекст на соодветниот политички амбиент, па на моменти ја доживувам како хроника за подемот и распадот на некогашната држава. За поефектно враќање во времето, насловот на серијата е испишан со истиот фонт што некогаш беше употребен за светлечката реклама на главната скопска стоковна куќа што се наоѓаше на Плоштадот Маршал Тито, денес Плоштад Македонија. Секоја епизода почнува (или завршува) со некогаш многу популарната мелодија Звиждук у осам (1962), еден од хитовите на идолот на југословенската женска публика од шеесеттите, Ѓорѓе Марјановиќ.
Младата генерација треба да ја изгледа оваа серија. Можда тоа ќе помогне да се ублажат предрасудите што младите денес ги имаат за сите нас родени и растени во тоа проскрибирано време. За денешните млади, нашите генерации претставуваат симбол за нешто ретро, но во пежоративна смисла, нешто заостанато, комуњарски реликт, нешто декадентно. Гледајќи ја серијата, можда ќе разберат дека и нашата младост била полна со надежи и оптимизам; дека не сме живееле на дното на светот, дека, на некој начин, секогаш сме биле дел од глобалната култура, и дека не сме растеле во изолиран црн универзум.
Предрасудите што во текот на пост-социјализмот се развија за нашата генерација се казна што ние, некогашните млади, не ја заслужуваме. Барем најголемиот дел од нас. Излеговме од образовниот систем со релативно добро образование, ја сакавме слободата, сакавме љубов, а не војна, и им помогнавме на оние постарите од нас полесно да ги отворат прозорците на земјата кон ветерот на демократијата и побрзиот развој. Па и тие постари од нас, тогаш, на почетокот на новото време, нечујно се повлекоа од јавната сцена и мирно го предадоа кормилото на бродот на некои нови капетани. Грешка на мојата генерација е што веруваше дека повеќепартискиот систем ќе резултира во чесен натпревар за постигнување на добро за сите нас. Како да заборавивме на злодусите во човечкиот сој, го пренебрегнавме инстинктот за грабање, крадење, лажење, мамење. За момент заборавивме на омразата, одмаздата, на исконските меѓусебни разлики што социјализмот ги покривал со сила.
Атрибутите на ова денешно време немаат корен во политичкиот профил на нашата генерација, како што постојано се протура на секој чекор. Се’ повеќе сум сигурна дека тие се резултат на несреќниот избор на кадровски структури што управуваат со оваа земја. Секоја генерација, па и мојата, има свои шампиони, свои претставници - нејзина дика, нејзин заштитен знак. Најдобрите од нас никаде не ги гледам. Некој сакаше да се занемари фактот дека тоа што сме биле Југословени, не значи дека сме биле ќори, глуви, глупи, недоветни, затуцани и јадни. Денес ние сме казнети за својот тогашен космополитизам, за тоа што во иста земја сме живееле мирно со луѓе од други вери, нации и јазични групи. Казнувани сме ако само спомнеме дека сме имале среќно детсво, иако со малку пари, пари кои денес најголем дел од народов ги сонува. Ние денес сме жртва на еден увезен вредносен систем, креиран со задача да ги исмее, девалвира и елиминира сите остатоци од некогашната социјалистичка југословенска држава, вклучувајќи ја нашата генерација како претставник на таа ера. Но не треба да се заборави дека токму нас, нашите генерации, не’ искористија во едно најтешко, преодно, воено време, за својата полетна верба да ја истрошиме во местењето на земјата врз новите фундаменти, за кои учевме во од, а брзо потоа да не’ акнат од истата таа земја, како стари, непотребни и смешни. За доброто на нашите деца, пред време направивме место во просторот што требаше да биде и наш, зашто оние насилници и грубијани заинтересирани само за власт и злато, не знаат или не сакаат да изградат простор за сите. Во суровото чистење со нивната бодлива метла, нас, мојата генерација, не’ шутнаа како неспособен вишок, како стечајна маса, како комуњарска багра, за стеснетото место да го пополнат со денешните деца, од кои со брилијантна расипаност и безочност создаваат свои замолчани робови.
Увезениот вредносен систем ја претвори мојата генерација во жртва на силна општествена дискриминација. Прво по возраст (старци!), а потоа и заради нејзиното минато (Титови пионери за мајтап!). Кога зборуваат за возраста, намерата е да се потенцира ригидноста на ставовите за општествениот живот што си доаѓаат со годините. Кога зборуваат за ју-младоста, сакаат да поентираат на ретроградните спреги што го обликувале нашиот начин на размислување. Истуркувајќи не’ од најважните текови и движења, и маргинализирајќи ги нашите капацитети, ги зазедоа најзначајните простори - просторот на ресурсите и просторот на одлуките. Мојата генерација е замолчана бидејќи, реално, денешните одлуки треба да се носат врз основа на постулати што таа ги сметала за погубни и штетни: неправда, нееднаквост, експлоатација и елитизам. Не негирам дека во друштвото на оние кои ја вршат маргинализацијата на мојата генерација има и наши врсници. Но тоа се оние кои по душа отсекогаш биле флеки, сме ги бркале од друштво и сме ги сметале за мивки, а денес, откако сменија по неколку партиски значки, пак се на првите лукративни линии, веќе години со ред. Треба младите да ја изгледаат серијата и да ја разберат таа трагедија на мојата излажана генерација.
И најважното што никогаш не си го разјаснив. Зошто овие млади денес, кои на нас гледаат како на безвреден музејски експонат, се трескаат на ју-музиката баш од наше време? Зошто ние, мојата генерација, кога се собираме, и ден-денес слушаме нешто сосема друго? Зошто во мојата фонотека немам винил плочи со југословенска музика, туку останале Пинк Флојд, Битлси и џез рок? Зошто кога од комшилукот ечат Бора Чорба или Бајага јас не знам ниеден стих, ниеден збор, а голобради деца пеат течно, без грешка, дури песната не заврши? Ги копка ли мистиката на тоа накажано време, ги скокотка ли тајната на нашата некогашна надеж? И, за мене најнејасното: која вампирска рака ги набута овие деца под гнасниот превез на културата на разни Цеци и Аци, за кои мојата, назадна генерација нели, имаше само чувство на одвратност и презир? Кој е тој феномен на создавање вака конфузен амбиент, полн со контрадикции и парадокси?
Пред неколку години престојував во една од централноевропските земји со комунистичко минато, Чешка. Ја знаеме нејзината трансформација од диктатура во парламентарна демократија. Го посакуваме нејзиниот транзициски развоен пат. Мојата задача беше да работам со стручен чешки тим на еден меѓународен проект. Со тимот раководеше човек, нешто постар од мене, извонредно искусен и образуван. Разговаравме една вечер на оваа тема - прашањето на нашата генерација во транзицијата. Ми зборуваше за судбината на неговите средношколски и универзитетски колеги. „Секој си го најде своето место“, рече. „Претприемчивите се во бизнисот. Интелектуалците останаа на универзитет. Вредните, но поповлечени пријатели, се на чиновнички места во администрацијата или компаниите. Инженерите си останаа во производството. Младите многу научија од нас за системите, организациите, за нашиот економски менталитет, а сега постапно ги заземаат извршните функции. Имаме одлична млада елита која ќе не’ замени, на наше задоволство.“ Седев со мојот колега, чија младост поминала во многу пострашно комунистичко опкружување од моето, пијуцкавме добро чешко пиво и си муабетевме. На масата почнаа да доаѓаат неговите помлади колеги. Да, по долгиот работен ден ние двајца не бевме расположени за диско. Но пред да заминат да се забавуваат, младите членови на тимот поседеа со нас, разменија со својот шеф мислења за утрешните задачи, пивнаа по една пијачка и ни’ вдахнаа од нивната енергија. Ја регистрирав почитта на младите умни соработници во проектот кон нивниот постар колега. Ја препознав и неговата гордост со тие млади луѓе, со кои заеднички повторно е на пат да заокружи уште еден успешен проект.

8/23/2012
Време е за македонска Сириза
Денес начув муабет дека, сепак, и покрај претходните негирања, се подготвува нова параметарска реформа на пензискиот систем. Наводно, старосната граница за стекнување право на пензионирање ќе се покачи за две до три години. Кај мажите, тоа право би се стекнувало дури на 66 или 67 години; кај жените, на 64 или 65. Сакам да верувам дека ова е само лоша гласина. Но, кога ќе ги земам предвид сите удари што оваа влада му ги нанесе на пензискиот систем во овие шест години, воопшто не би ме изненадила уште една жешка шлаканица. Владата, имено, со намалување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување што се плаќа за секој осигуреник, прво го скастри приливот на средства во системот . Тој потег беше квалификуван како мерка за подобрување на бизнис климата во земјата. Владата, имено, преку намалување на финансиските обврски на бизнисите кон државата, односно кон вработените, сакаше да им ги намали трошоците од работењето. Се разбира, реалниот сектор беше одушевен од мерката, но пензискиот фонд многу ослабна. Потоа, и покрај тоа што го намали приливот на средства во системот, Владата ги почна операциите на повремени покачувања на пензиите на постојните пензионери. Треба да се спомне дека, при тоа, не беше запазен фер и еднаков третман кон сите пензионери, туку поголеми покачувања добија оние со пониски пензии. Беше извршен удар и врз приватниот пензиски столб, во кој, исто така, беше снижен процентот од придонесот што се префрла на приватните сметки на осигурениците, така што калкулациите за нивните идни пензии правени пред 7 години сега паѓаат во вода. Да не зборуваме за тоа што со ред други измени на законската регулатива во областа на пензиите, на идните пензионери уште од сега им е депривирана приходната страна. Последната белја е направена летово, кога на пензиските друштва им се наложи наместо во евро обврзници (кои носат камата од 7,5 проценти), средствата од приватните фондови да мораат да ги вложуваат во домашни оврзници (камата од 5,5 проценти). Типично за (неправни) држави со подиспразнета каса, кои веднаш се полакомуваат по приватните средства на пензиските осигуреници.
Претпоставувам дека кога ги правела резовите во пензискиот систем, Владата се надевала дека (наивно) очекуваниот развоен циклус ќе резултира во нови вработувања, од кои пензиската каса ќе почне поинтензивно да се полни. Но бидејќи владината економска програма, што од објективни, што од субјективни причини, резултираше во фијаско, проблемите во пензискиот систем веќе нема да може лесно да се санираат. Дупките што Владата ги предизвика во системот, таа до сега ги покриваше со средства од буџетот. Тоа се некаде околу 25 милиони евра годишно, барем такви информации добиваме преку медиумите. Очигледно е дојден момент кога тие пари веќе недостасуваат за сегашните пензионери, а ич да не отвораме прогнози за она што ќе им се случува на осигурениците кои денес имаат по 30, 35 или 40 години. Тешко ним. Ги советувам да си штедат уште од млади, за еден ден да не бидат питачи.
Очекувам дека кога ќе почне да се промовира мерката за зголемување на старосната граница за пензионирање, ќе се обидат да ни’ ги продаваат приказните за Англија, Холандија и други земји, во кои луѓето работат до подоцна во животот. Срамно и саркастично ќе биде овој пресиромав народ да го компарираат со било која западна земја. Квалитетот на живот што тие луѓе го имаат заради нивните високи примања е неспоредлив со оној на нашиот беден работник. Погледнете, на пример, како изгледа една Холанѓанка на 65 години, па споредете ја со нашите измачени жени на истата возраст. Македонската жена, ако е вработена, по осумчасовното работно време продолжува со нова аргатска смена, дома, каде сето она што не може да си го дозволи со платата од 100, 200 или 300 евра, мора да го произведе со многу физичка работа и папсување. Затоа се гадам од тие мизерни споредби на нашиот со западниот работник.
Пензиската сфера, како една од најсуптилните социјални компоненти на државата, е територија во која владите тешко одлучуваат да чепнат. Од познати демографски причини, пензиските системи во целиот свет се многу кревки. Но политичарите внимаваат што прават зашто сите истражувања на јавното мислење сугерираат дека кастрењата во пензиските системи лесно водат до паѓање на владите. Масовните штрајкови во Италија, Франција и некои други европски држави, кои се организираа како одговор на најавените пензиски реформи, многу добро го покажуваат тоа.
Македонските граѓани се најсиромашни во Европа. Слушам, пак брбљаат за избори. Е, ова е веќе за АМАН. Знаете зошто? Затоа што додека не видам некоја наша Сириза да излезе храбро на политичката сцена, нема оправање на работите. Ова е време кога ни’ е потребна цврста лева платформа, која ќе му се спротивстави на овој брутален облик на капитализам, во кој единствена жртва е сиромашниот работник. На Македонија и’ треба навистина многу малку за да се одлепи од принципите на економската неправда: една Сириза и барем десет поштени, ама стварно поштени луѓе. Толку.

Кога архитектите се слободни...
Секогаш ме интересирала архитектурата. Аматерски, секако. Да ги имав неопходните таленти, без двоумење ќе ја одберев таа професија. Потрошив многу во животот на списанија од оваа област, а сега сум му благодарна на Интернетот што ми овозможи заштеда, а многу уживање. На овие тропски температури, често си сурфам за да видам што се гради, какви се трендовите. И секогаш ми се случува истото: да се восхитувам на слободата на светските архитекти. Тогаш кога се футуристи; кога дизајнот им е пред функцијата; тогаш кога се пресериозни, ама и кога се зезаат.
Откако во периодот на независноста Скопје почна да се гради без вкус, норма, ред и поредок, се’ повеќе ги истражувам светските градови. Денес пак малку читав во оваа област. По вруќинава не се занимавам со споредби, ни со критики, ама решив нешто од виденото да претставам на блогов. Некои од проектите/објектите што ги прикажувам подолу се нови, некои постари, ама кај секој од нив препознав по малку од се’: имагинација, оригиналност, следење на трендови, шега. Нашите архитекти сигурно имаат многу повеќе информации и аналитички знаења за сите нив.
Урбан кактус, резиденцијален објект на 19 ката што никнува на самото пристаниште на Ротердам, Холандија. Зградата е замислена како „зелен и сончев одговор“ на острата холандска клима, со разиграни фасадни кривини и целосна отвореност кон просторот за да овозможи што повеќе светлина во ентериерот. Има 98 станови и комерцијален дел.
Четири вили со градина на покрив на трговски центар во Ханан, Кина. Објектот е пуштен во употреба летово и го следи масовно прифатениот тренд во Кина (одамна и во светот) за вметнување кровни градини на постојните или новите згради. Иако изгледаат како куќи за домување, вилите ќе бидат користени како деловни простории за вработените во трговскиот центар.
Хабитат 67, резиденцијален комплекс во Монтреал, Канада, проектиран за Светската изложба Експо 67, значи пред 45 години. Во тоа време на ослободување на умот, архитектите го создале ова ремек дело на дизајнот и урбанизмот, кое денес претставува дом на околу 200 домаќинства.
Павиљон Арагон, Сарагоза, Шпанија, изграден за Светската изложба Експо 2008. По завршувањето на изложбата, објектот останал во рацете на државата и во него е сместен дел од јавната администрација на регионот на Сарагоза.

Зграда-кошница, седиште на компанијата Лонгабергер, производител на дрвени кошници за секакви намени, Њуарк, Охајо, САД. Идејата за изградба на деловна зграда во облик на кошница е на сопственикот на компанијата. Од 1997, кога компанијата се вселила во објектот, зградата-кошница прераснала во своевиден музеј, така што илјадници туристи доаѓаат во Њуарк само за да го посетат ова интересно место, отворено за посетители.

8/22/2012
За спомен на мајка ми
Нежност моја,
таго моја,
моја скришна ѕвездичке,
моја среќо одлетана,
моја љубов нестивната.
Милност моја,
Милност моја,
кроткост моја,
моја страдна гулабице,
моја тивка кралице,
моја болка натежната,
моја сила свената.
Радост моја,
Радост моја,
храброст моја,
моја чувар планино,
моја солзо непресушна,
мое гнездо оставено,
мое лето оладено,
мое око ослепено.
2007 - 2012
2007 - 2012
Subscribe to:
Posts (Atom)