Прво, на избори НЕ ОДАМ. Се уверив низ сите овие изминати години дека мојот глас никому ништо не значи. Или, поинаку кажано, јас никому од нив ништо не значам. Според тоа, зошто да одам да гласам за некого кој ни ме шиша, ни ме ферма, ни ме мисли? Оваа одлука може да ја променам само ако на врата ми тропне партија, чии луѓе ќе ме прашаат, и тоа многу љубезно, како терам сите овие години, без никакви врски, лобија, корупции, дупелижења, лажења, крадења, подместувања и интриги. Многу искрено ќе им одговорам на прашањето, може и нашироко. Овде сега нема никого да замарам со личните искуства. Значи, одлуката е таа, а неа може да ја променам само ако некој, од БИЛО КОЈА партија (идеологија и онака нема во ниедна), искрено ме праша за животов, ми ја сослуша приказната без да му забележам здодевност на лицето, и ми понуди аргументи дека нешто ќе се смени. Дека иде нов ден, ново време, во кое за таквите како мене ќе се најде простор, мегдан и уво што ќе слушне. Ама, бидејќи веројатноста за тоа е скоро еднаква на нула, одлуката, се чини, нема да ја сменам.
Никој нека не ми тртља дека ако не одам да гласам, некој ќе ми го злоупотребел гласачкото ливче, во полза на своите. Да ви кажам? Ме заболе. Што сакаат нека му прават. Нека штимаат, нека го умножуваат, нека го пикаат во обиени гласачки кутии, нека се тресат од страв дур го фалсификуваат моето право, нека ги дрма ѓаволот на дрчноста, нека им течат отровот и лигите, нека им се слеваат по вратовите. Ич нема да ме потресат. Та и едните, та и другите, та и третите, мене веќе не ме интересираат. За мене, тие се Курто, Мурто, Шурто, оние грамзиви сподоби од најсељачкиот балкански забит, оние гниди на подмуклата итрина и грамзивост, за какви што целиот свој живот сум била полна со презир.
Второ, јас од денес не поштујам правила. Ќе фрлам ѓубре по улица, ќе пљукам по тротоари, ќе мочам по туѓи влезови, ќе му ги крадам на Коце цвеќињата од булеварите, ќе сечам дрва за огрев од парк, ќе пишувам гн’сни графити со најмрсна боја по новите згради, ќе поминувам на црвено, ќе фрлам празни конзерви во контејнери за хартија, ќе ја отерам у п...у материну комшикава што ме малтретира точно 14 години, ќе и’ истурам кило зејтин пред вратата, а на син и’ ќе му ги дупнам гумите и ќе му ги искорнам брисачите. И ја више имам потреба да си го испразнам бесот, насобран од трпење. Додека јас поштував правила, сите престапници пркнаа, окрљаија уши, некои и власт станаа. Јас останав со правилата и трпењето. Е, шипак више!
Трето, јас веќе не застанувам на раскрсници да уделам пет-десет денари на циганчиња-питачи, не отварам врата на баратели на донации, и веќе не одам на хуманитарни настани. Не гледам веќе прилози на телевизија за страдањата на најсиромашните, за маките на стечајците, и за болките на несреќниците. Најмалку триесет илјади луѓе во државава примаат плата за да ги решат токму овие судбини. На оној Спиро, или на оној Тодоров, само тоа треба да им биде работа. Зошто, бе, јас да имам грижа на совест за нешто што е туѓа, неодработена работа? Зошто да се чувствувам крива гледајќи ги тие трагедии, кога не сум јас таа што придонела тие животи да се удават во мизерија.
Ќе ја сменам одлуката за гласање, ако во очите на некој од кандидатите препознаам искреност, добрина и честољубие. Јас, обично, не грешам кога им читам на луѓето од очите. Не ми треба многу, не морам ни да ги следам, ни долго да ги гледам. Ги препознавам на прва и, ако се појави таков, верувајте, ќе кажам.
10/25/2012
10/18/2012
Секогаш кога простив, погрешив
Многу луѓе ми направија зло. Ми направија лошо некои што ги мислев пријатели, некои заради кои претходно и од совеста сум се откажувала, луѓе за кои сум замижувала и пред своите најтврди ставови. Ми погрешија колеги, познаници, но и најблиски по крв. Многу, многу простував. Колку пати простив, толку пати погрешив.
Заблуда е да се помисли дека сум воспитувана христијански, та толку лесно да простувам. Сега знам дека тоа било повеќе заради сопствената болка, заради тој подмолен страв да не ги изгубам блиските, да не останам сама, за, можда, да не сум претерала. Тоа вечно себепреиспитување ме измачи низ годините, ме направи ранлива, ме заслабна, ме истошти.
Не, никогаш не простував лесно. Ниедна прошка не ја проживеав без лузна на душата. На сите што им простив, до ден денес им е јасно дека мојата комплексна нарав поминала бурни времиња, распламтени од жестокоста на нивната злоба, повредување. Многумина се покајаа, некои дури и солзи покажаа. Простив, ама не заборавив, зашто болот не се заборава, а тешките мигови го исцртаа минатото врз мојот поглед, врз моите образи.
Немам веќе ни сила, ни желба за простување. Се обидувам прагмата да завладее со мојот емотивен напор, а ако во тоа не успеам, тогаш барем да се заштитам преку одбрани дружби и споделувања. Па и споделувањата ги заретчив. Сама ги превиткувам во скришни чувствени пакетчиња и тагата, и радоста. Безгласно и немо ги пуштам пеперутките да ми ја возбудат утробата, облачиња да ми ја натажат мислата, без никому да му ја раскажам трепетноста, без никој да ја забележи раздвиженоста во моите жили.
Најтешко ги минав големите навреди и подметнувања. Сега гледам дека тие никогаш не дошле ненадејно. Се подгревал теренот за нивно разбеснето пламнување. Тој змиски отров, истурен од челустите на зависта и омразата, бил тука негде, ама чуван под лицемерен превез, под гргорлива ѓаволска насмевка. Мојата глупава надеж само го занемарувала она што очите го гледале, а душата го сеќавала. Им простив и на такви, ама погрешив. Ниедно каење сега не може да ги покрие грешките што ги правев простувајќи.
Денес знам дека простувањето е неправда кон сопствената морална издржливост. Простувањето е правење компромис со својата гордост, со убедувањата, со интелектуалните кодекси, со разумот. Простувањето е газење врз вредносните норми, плетени од заплетканите прсти на гените, меморијата за родителите, крвта на дедовците. Простувањето е ампутација на дел од сопственото супер-его, потклекнување пред механизмите за валоризација на сопствената вредност, мамење на личната вистина.
Ретко кога простувањето ми донело мир. Бубачката на сомнежот останува во мене
како призрак, како ѓавол што ја јаде љубовта. Тие на кои им простив не станаа поинакви, ниту пак јас се опуштив и омекнав. Ладнотија ги прекри тие мои дружења. И тие, и јас, сите останавме забодени со мислите во вечен штрек. Таа тешка аура надвисната врз нашите глави трајно го инхибира медиумот што некогаш не’ поврзувал. Полека, полека, зборовите ги обвива студенило, а внимавањето што ќе се изусти, ја гуши хемијата на нашите засегнати потсвести. Затоа, простувањето не е за секого. Простувањето е за оние кои умеат
ладнокрвно да гледаат на хипокризијата, за оние чии цели се лукративни, за оние кои знаат да се подбиваат со несреќата, да одглумат великодушност и човештина, па и да
излажат, измамат, побегнат, напуштат. Не е простувањето за ранливите, ниту за оние кои не се простиле од патењето.
Заблуда е да се помисли дека сум воспитувана христијански, та толку лесно да простувам. Сега знам дека тоа било повеќе заради сопствената болка, заради тој подмолен страв да не ги изгубам блиските, да не останам сама, за, можда, да не сум претерала. Тоа вечно себепреиспитување ме измачи низ годините, ме направи ранлива, ме заслабна, ме истошти.
Не, никогаш не простував лесно. Ниедна прошка не ја проживеав без лузна на душата. На сите што им простив, до ден денес им е јасно дека мојата комплексна нарав поминала бурни времиња, распламтени од жестокоста на нивната злоба, повредување. Многумина се покајаа, некои дури и солзи покажаа. Простив, ама не заборавив, зашто болот не се заборава, а тешките мигови го исцртаа минатото врз мојот поглед, врз моите образи.
Немам веќе ни сила, ни желба за простување. Се обидувам прагмата да завладее со мојот емотивен напор, а ако во тоа не успеам, тогаш барем да се заштитам преку одбрани дружби и споделувања. Па и споделувањата ги заретчив. Сама ги превиткувам во скришни чувствени пакетчиња и тагата, и радоста. Безгласно и немо ги пуштам пеперутките да ми ја возбудат утробата, облачиња да ми ја натажат мислата, без никому да му ја раскажам трепетноста, без никој да ја забележи раздвиженоста во моите жили.
Најтешко ги минав големите навреди и подметнувања. Сега гледам дека тие никогаш не дошле ненадејно. Се подгревал теренот за нивно разбеснето пламнување. Тој змиски отров, истурен од челустите на зависта и омразата, бил тука негде, ама чуван под лицемерен превез, под гргорлива ѓаволска насмевка. Мојата глупава надеж само го занемарувала она што очите го гледале, а душата го сеќавала. Им простив и на такви, ама погрешив. Ниедно каење сега не може да ги покрие грешките што ги правев простувајќи.
Денес знам дека простувањето е неправда кон сопствената морална издржливост. Простувањето е правење компромис со својата гордост, со убедувањата, со интелектуалните кодекси, со разумот. Простувањето е газење врз вредносните норми, плетени од заплетканите прсти на гените, меморијата за родителите, крвта на дедовците. Простувањето е ампутација на дел од сопственото супер-его, потклекнување пред механизмите за валоризација на сопствената вредност, мамење на личната вистина.
10/12/2012
Баш не’ боли за Европа
Стигна уште еден извештај за напредокот на Македонија во процесот на нејзиното интегрирање во Европската Унија. Много буке ни око чега, би рекле Србите, и не би погрешиле. И оваа година, опозицијата со месеци се закануваше дека последиците од лош извештај ќе бидат кобни за земјата; Владата мртва-ладна си тераше по свое, а народот го болеше уво за хартијата што треба да стаса од Брисел. Тек-тук, по некој подзаборавен новинар ќе се појавеше на телевизија да порецитира дека без ЕУ пропаднавме, или некоја ен-ве-о госпоѓа ќе поплачеше за некакви прекршени човечки права, демек нешто што ЕУ не толерира. Толку. На крај, излезе дека извештајот е ништо нарочито, седумдесет страници сува материја што констатира ептен скромни напредоци во поголемиот број подрачја, по некоја препорака и низа културни заклучоци. И што? Ниту датумот за почеток на преговори е извесен, ниту Македонецот разбра што менува тоа во неговиот јаден живот.
Пропагандите и срањата што се истркалаа по медиумите во изминатите години си го направија своето. Тие успеаја да ја заматат позитивната перцепција на народот за Европската Унија, и да создадат став дека и без ЕУ нас ни’ е исто, ако не и подобро. Затоа што ЕУ е брод што тоне, и дека ќе си навлечеме голема беља ако, не дај боже, станеме дел од тоа декадентно друштво во распаѓање. Тоа што денес претежнува во Македонија, не може да се опише дури ни како евроскептицизам; тоа повеќе е целосна незаинтересираност за евроинтеграцијата, дигнати раце, па и пркос против европскиот процес на државата.
Опозицијата, која има ретка привилегија да се справува со власт што никогаш не била поподатлива за критика и обарање, еднаш не излезе јасно да објасни што е тоа што Македонија би го добила со влезот во ЕУ, и зошто овој интеграциски правец ни’ е повеќе од потребен. Не одигрувајќи успешно на картата што некогаш и’ носеше добитни поени, и самата помогна евроинтеграцијата да се маргинализира во верувањата на гласачкото тело. Дури ни Рада, најуиграната меѓу опозиционерите по овие прашања, не блесна во бројните говори на темата Европа. Не се искористи паметно ни интерпелацијата за Владата минатата недела. Многу нешта можеше да бидат кажани, но тие се изгубија во невешто склопеното сценарио, во кое преовладуваше темата што како клучна ја одбра СДСМ - меѓуетничките односи. Се покажа, меѓутоа, дека на двата коалициски партнери не им пречи што сме тргнати кон официјална федерализација, и дека белгискиот или швајцарскиот модел на државно уредување тропа на врата. Швајцарија на Балканите и онака е еден од постарите вмровски соништа, ама и агенда на мнозина проминентни албански интелектуалци. Се знаеше дека таканаречената тендер-коалиција ќе си го сочува заедничкото чекмеже, а опозицијата не успеа да мавне со стапот на европските задачи за домашната корупција, кршењата на Уставот и на сите божји закони.
Во меѓувреме, и на самата Унија супер и’ доаѓаат ваквите моронски односи во македонската политика. Ние и’ помагаме таа да си купува време, да ужива во комодитетот да ни’ задава нови домашни задачи, да си поигрува со очекувањата на нестрпливите, и да се однесува како земски судија. Потапкај го малце Груевски по грпчето, помази го Ахмети по обравчето, поласкај и’ на Теутица по ходниците и - мирот по европски вкус е купен. Пред народот веднаш ќе се изредат Сител-аплаузи, па малку Канал 5-пофалби, Мирка со задолжителната доза од еднаш неделно, и работата е завршена. Датумот за преговори можда и ќе се случи во декември, како знак дека Европа уште има работа со нас. На рајава веднаш ќе и’ се каже дека тоа е награда за владава, ама дека патот е долг колу од овде до вечноста. А потоа, пак по старо: ред избори, ред тендерче, ред тепачки и клања по автобусите, ред гробови, ред привидни помирувања. До недоглед. И на нашиве, и на Европа, се чини дека тоа баш некако им одговара.

10/06/2012
Дуњите на дедо ми
Дедо ми беше многу работлив и чесен човек. Не преувеличувам ако кажам дека до денес не наидов на човек кој би му бил сличен по тие доблести, освен, можда, татко ми, неговиот син. Таа чесност, и тоа работење до доцна во ноќта, му донесоа на дедо ми толку почит во семејството и меѓу бројните пријатели, што некои негови, помалку пријатни особини, малкумина ги сметаа за важни. Од семејството, за возврат, бараше дисциплина, ред и трудољубивост, и остварување на некои негови посебни желби. Една од тие желби беше во дворот да има засадено дуњи. Една на влезот, до капијата од ковано железо обоена во црно, и уште една под прозорецот на спалната соба, за во раните мајски утра да може од постелата да им се радува на бело-розикавите латици на расцутената крошна. Баба ми, пак, чезнеше за чемпрес на влезот во градината, но не успеа да се наметне пред цврстите барања на строгиот сопруг. Така, во моите сеќавања за куќата на дедо ми во центарот на Скопје, секогаш ја гледам бежовата двокатница од 1927, скриена зад убаво гравираната железна ограда и дуњата на влезот, од булеварот ЈНА.
Двете дуњи беа дел од нашиот живот во дедовата куќа. Беа израснале во вистински убавици, со стројни, исправени стебла и раскошно разгранети крошни. Во лето, тоа беа најубавите сенки во дедовиот двор, па под едната, онаа под спалната соба, баба ми беше поставила клупа, на која хеклаше заедно со пријателките од комшилукот, или пиеше кафе со ќерка и’, мојата тетка. Под таа дуња ги напишав првите стихови од моите невини детски песни, и ги прочитав Том Соер и Малечката Фадета, омилените книги од предпубертетската возраст.
Дуњата на влезот, пак, беше наше љубовно стебло. На неа се имаат качувано срамежливите додворувачи на мојата убава сестра, кои, мушнати меѓу густите зелени лисја, тајно ја ѕиркале како, онака бујна и руса, седи во дворот и долго разговара со баба ми. Под таа дуња, братучетка ми се бакнуваше со нејзиниот дечко-тенисер, не знаејќи дека ние, помалите двајца, љубопитно посматраме пикнати меѓу грмушките од зеленика. Години подоцна, под дуњата на влезот за прв пат ме бакна еден убав Симон, кој, иако не ми стана дечко, секогаш ќе го памтам токму по мирисот на расцутеното дрво што му се вовлече во кошулата по нашето долго шепотење.
Дуњите на дедо ми раѓаа многу. Полни торби со крупни жолти плодови баба ми им делеше на роднините, а од она што ќе останеше го правеше најубавото слатко и го вареше најубавиот компот, во кој рендаше по малку коричка од лимоните на дедо ми. Десетина дуњи редеше врз шифоњерите од дабово дрво во спалната соба, па таму цела есен и зима се ширеше опоен, но свеж мирис. На штирканите бели чаршави на баба ми, со мирис на дуњи во собата, еден декемвриски ден пред многу години се затворија за секогаш очите на мојот чесен и работлив дедо. Над неговиот вечен дом и ден-денес, исправена и јадра стои една дуња, што баба ми ја засади за негов спокој, за да почива во мирисот што тој најмногу го сакаше.

10/01/2012
Потиснат сон
потоа да ме испрати до дома. Со едната рака го буткаше точакот, другата ми ја префрлаше преку раме, а по пат одушевено ми раскажуваше сцени од Дипломец, зашто јас сеуште не го бев гледала.
У тоа време, он носеше долга коса и фармерки Levi Strauss, пушеше 57 и го читаше Исак Асимов. Јас носев долги фустани од бело селско платно, набавени од селата на Скопска Црна Гора, извадени од штирканиот чеиз на остарените домаќинки. Во лето, двајцата носевме римјанки; во зима - антилопски стоперки, и го крстосувавме градот со саати. Го читав Сартр и мислев дека сум најфрајла на свет.
У тоа време, ние бевме најпопуларен пар. Он викаше дека не сретнал поубава од мене и во косата ми ставаше бели маргаритки. Јас знаев дека он е најпаметниот тип у Скопје зашто решаваше детерминанти и матрици од ен-ти ред. Он сакаше да шетаме по дожд низ Турска чаршија; јас сакав да се скриеме на какао во Менада. Он збореше за долгите ноќи во Амстердам и за париските кафеа на Мон Мартр. Јас му го открив мојот сон да живеам во Сплит.
У тоа време, он имаше грамофон Филипс, на кој ја слушавме Wish You Were Here. Он пееше баритон, јас втор сопран, и, додека гушнати одевме низ Дебар маало, пеевме Nobody knows where you are, how near or how far... и си замислувавме дека сме совршен дует. Децата што играа жмурки по сокачињата ни’ аплаудираа, а ние се поклонувавме како пред публика на Вембли.
У тоа време, он по десет пати на ден ми повторуваше дека ме сака. Јас му ја разбушавував немирната коса и трчав долж дрворедите додека не ме стигне. Он знаеше дриблерски финти и јас станував лесен плен. Он имаше смисла за хумор и јас, ноќе, заспивав со насмев, повторувајќи ги неговите шашави шеги на денот.
У тоа време, он доаѓаше од далеку и јас понекогаш чекав долго, седната на скалите на речниот кеј. Никогаш не се лутев зашто он доаѓаше затрчан, загрижен и посрамен. Имавме наша маса во Пелистер и таму ми ги опишуваше причините за доцнењето. Зборуваше опширно и сликовито, не знаеше дека однапред сум му простила. У тоа време беше срамота дечко да ти касни.
У тоа време, љубовта се раѓаше бурно, а траеше долго. Он беше згоден, умен и вљубен, а јас среќна, млада и желна. Ние двајца живеевме со идејата за нашата вечна љубов. Никогаш не спомнавме иднина еден без друг.
У тоа време, ако едниот не дојдеше, се знаеше дека е крај. Така правеа сите. Тој ден, он рече дека ќе дојде со точак, а јас ветив дека ќе го облечам неговиот омилен фустан. Беше жежок ден и мајка ми ги подготвуваше куферите за одмор. До ден-денес не знам дали тоа дамнешно скопско лето тој дојде на ќошето на Илинденска со Ленинова, во седум. Не знам дали не отидов по сопствена желба, или од страв дека нема да го најдам.
Subscribe to:
Posts (Atom)