Стигна уште еден извештај за напредокот на Македонија во процесот на нејзиното интегрирање во Европската Унија. Много буке ни око чега, би рекле Србите, и не би погрешиле. И оваа година, опозицијата со месеци се закануваше дека последиците од лош извештај ќе бидат кобни за земјата; Владата мртва-ладна си тераше по свое, а народот го болеше уво за хартијата што треба да стаса од Брисел. Тек-тук, по некој подзаборавен новинар ќе се појавеше на телевизија да порецитира дека без ЕУ пропаднавме, или некоја ен-ве-о госпоѓа ќе поплачеше за некакви прекршени човечки права, демек нешто што ЕУ не толерира. Толку. На крај, излезе дека извештајот е ништо нарочито, седумдесет страници сува материја што констатира ептен скромни напредоци во поголемиот број подрачја, по некоја препорака и низа културни заклучоци. И што? Ниту датумот за почеток на преговори е извесен, ниту Македонецот разбра што менува тоа во неговиот јаден живот.
Пропагандите и срањата што се истркалаа по медиумите во изминатите години си го направија своето. Тие успеаја да ја заматат позитивната перцепција на народот за Европската Унија, и да создадат став дека и без ЕУ нас ни’ е исто, ако не и подобро. Затоа што ЕУ е брод што тоне, и дека ќе си навлечеме голема беља ако, не дај боже, станеме дел од тоа декадентно друштво во распаѓање. Тоа што денес претежнува во Македонија, не може да се опише дури ни како евроскептицизам; тоа повеќе е целосна незаинтересираност за евроинтеграцијата, дигнати раце, па и пркос против европскиот процес на државата.
Опозицијата, која има ретка привилегија да се справува со власт што никогаш не била поподатлива за критика и обарање, еднаш не излезе јасно да објасни што е тоа што Македонија би го добила со влезот во ЕУ, и зошто овој интеграциски правец ни’ е повеќе од потребен. Не одигрувајќи успешно на картата што некогаш и’ носеше добитни поени, и самата помогна евроинтеграцијата да се маргинализира во верувањата на гласачкото тело. Дури ни Рада, најуиграната меѓу опозиционерите по овие прашања, не блесна во бројните говори на темата Европа. Не се искористи паметно ни интерпелацијата за Владата минатата недела. Многу нешта можеше да бидат кажани, но тие се изгубија во невешто склопеното сценарио, во кое преовладуваше темата што како клучна ја одбра СДСМ - меѓуетничките односи. Се покажа, меѓутоа, дека на двата коалициски партнери не им пречи што сме тргнати кон официјална федерализација, и дека белгискиот или швајцарскиот модел на државно уредување тропа на врата. Швајцарија на Балканите и онака е еден од постарите вмровски соништа, ама и агенда на мнозина проминентни албански интелектуалци. Се знаеше дека таканаречената тендер-коалиција ќе си го сочува заедничкото чекмеже, а опозицијата не успеа да мавне со стапот на европските задачи за домашната корупција, кршењата на Уставот и на сите божји закони.
Во меѓувреме, и на самата Унија супер и’ доаѓаат ваквите моронски односи во македонската политика. Ние и’ помагаме таа да си купува време, да ужива во комодитетот да ни’ задава нови домашни задачи, да си поигрува со очекувањата на нестрпливите, и да се однесува како земски судија. Потапкај го малце Груевски по грпчето, помази го Ахмети по обравчето, поласкај и’ на Теутица по ходниците и - мирот по европски вкус е купен. Пред народот веднаш ќе се изредат Сител-аплаузи, па малку Канал 5-пофалби, Мирка со задолжителната доза од еднаш неделно, и работата е завршена. Датумот за преговори можда и ќе се случи во декември, како знак дека Европа уште има работа со нас. На рајава веднаш ќе и’ се каже дека тоа е награда за владава, ама дека патот е долг колу од овде до вечноста. А потоа, пак по старо: ред избори, ред тендерче, ред тепачки и клања по автобусите, ред гробови, ред привидни помирувања. До недоглед. И на нашиве, и на Европа, се чини дека тоа баш некако им одговара.
10/12/2012
10/06/2012
Дуњите на дедо ми
Дедо ми беше многу работлив и чесен човек. Не преувеличувам ако кажам дека до денес не наидов на човек кој би му бил сличен по тие доблести, освен, можда, татко ми, неговиот син. Таа чесност, и тоа работење до доцна во ноќта, му донесоа на дедо ми толку почит во семејството и меѓу бројните пријатели, што некои негови, помалку пријатни особини, малкумина ги сметаа за важни. Од семејството, за возврат, бараше дисциплина, ред и трудољубивост, и остварување на некои негови посебни желби. Една од тие желби беше во дворот да има засадено дуњи. Една на влезот, до капијата од ковано железо обоена во црно, и уште една под прозорецот на спалната соба, за во раните мајски утра да може од постелата да им се радува на бело-розикавите латици на расцутената крошна. Баба ми, пак, чезнеше за чемпрес на влезот во градината, но не успеа да се наметне пред цврстите барања на строгиот сопруг. Така, во моите сеќавања за куќата на дедо ми во центарот на Скопје, секогаш ја гледам бежовата двокатница од 1927, скриена зад убаво гравираната железна ограда и дуњата на влезот, од булеварот ЈНА.
Двете дуњи беа дел од нашиот живот во дедовата куќа. Беа израснале во вистински убавици, со стројни, исправени стебла и раскошно разгранети крошни. Во лето, тоа беа најубавите сенки во дедовиот двор, па под едната, онаа под спалната соба, баба ми беше поставила клупа, на која хеклаше заедно со пријателките од комшилукот, или пиеше кафе со ќерка и’, мојата тетка. Под таа дуња ги напишав првите стихови од моите невини детски песни, и ги прочитав Том Соер и Малечката Фадета, омилените книги од предпубертетската возраст.
Дуњата на влезот, пак, беше наше љубовно стебло. На неа се имаат качувано срамежливите додворувачи на мојата убава сестра, кои, мушнати меѓу густите зелени лисја, тајно ја ѕиркале како, онака бујна и руса, седи во дворот и долго разговара со баба ми. Под таа дуња, братучетка ми се бакнуваше со нејзиниот дечко-тенисер, не знаејќи дека ние, помалите двајца, љубопитно посматраме пикнати меѓу грмушките од зеленика. Години подоцна, под дуњата на влезот за прв пат ме бакна еден убав Симон, кој, иако не ми стана дечко, секогаш ќе го памтам токму по мирисот на расцутеното дрво што му се вовлече во кошулата по нашето долго шепотење.
Дуњите на дедо ми раѓаа многу. Полни торби со крупни жолти плодови баба ми им делеше на роднините, а од она што ќе останеше го правеше најубавото слатко и го вареше најубавиот компот, во кој рендаше по малку коричка од лимоните на дедо ми. Десетина дуњи редеше врз шифоњерите од дабово дрво во спалната соба, па таму цела есен и зима се ширеше опоен, но свеж мирис. На штирканите бели чаршави на баба ми, со мирис на дуњи во собата, еден декемвриски ден пред многу години се затворија за секогаш очите на мојот чесен и работлив дедо. Над неговиот вечен дом и ден-денес, исправена и јадра стои една дуња, што баба ми ја засади за негов спокој, за да почива во мирисот што тој најмногу го сакаше.

10/01/2012
Потиснат сон
потоа да ме испрати до дома. Со едната рака го буткаше точакот, другата ми ја префрлаше преку раме, а по пат одушевено ми раскажуваше сцени од Дипломец, зашто јас сеуште не го бев гледала.
У тоа време, он носеше долга коса и фармерки Levi Strauss, пушеше 57 и го читаше Исак Асимов. Јас носев долги фустани од бело селско платно, набавени од селата на Скопска Црна Гора, извадени од штирканиот чеиз на остарените домаќинки. Во лето, двајцата носевме римјанки; во зима - антилопски стоперки, и го крстосувавме градот со саати. Го читав Сартр и мислев дека сум најфрајла на свет.
У тоа време, ние бевме најпопуларен пар. Он викаше дека не сретнал поубава од мене и во косата ми ставаше бели маргаритки. Јас знаев дека он е најпаметниот тип у Скопје зашто решаваше детерминанти и матрици од ен-ти ред. Он сакаше да шетаме по дожд низ Турска чаршија; јас сакав да се скриеме на какао во Менада. Он збореше за долгите ноќи во Амстердам и за париските кафеа на Мон Мартр. Јас му го открив мојот сон да живеам во Сплит.
У тоа време, он имаше грамофон Филипс, на кој ја слушавме Wish You Were Here. Он пееше баритон, јас втор сопран, и, додека гушнати одевме низ Дебар маало, пеевме Nobody knows where you are, how near or how far... и си замислувавме дека сме совршен дует. Децата што играа жмурки по сокачињата ни’ аплаудираа, а ние се поклонувавме како пред публика на Вембли.
У тоа време, он по десет пати на ден ми повторуваше дека ме сака. Јас му ја разбушавував немирната коса и трчав долж дрворедите додека не ме стигне. Он знаеше дриблерски финти и јас станував лесен плен. Он имаше смисла за хумор и јас, ноќе, заспивав со насмев, повторувајќи ги неговите шашави шеги на денот.
У тоа време, он доаѓаше од далеку и јас понекогаш чекав долго, седната на скалите на речниот кеј. Никогаш не се лутев зашто он доаѓаше затрчан, загрижен и посрамен. Имавме наша маса во Пелистер и таму ми ги опишуваше причините за доцнењето. Зборуваше опширно и сликовито, не знаеше дека однапред сум му простила. У тоа време беше срамота дечко да ти касни.
У тоа време, љубовта се раѓаше бурно, а траеше долго. Он беше згоден, умен и вљубен, а јас среќна, млада и желна. Ние двајца живеевме со идејата за нашата вечна љубов. Никогаш не спомнавме иднина еден без друг.
У тоа време, ако едниот не дојдеше, се знаеше дека е крај. Така правеа сите. Тој ден, он рече дека ќе дојде со точак, а јас ветив дека ќе го облечам неговиот омилен фустан. Беше жежок ден и мајка ми ги подготвуваше куферите за одмор. До ден-денес не знам дали тоа дамнешно скопско лето тој дојде на ќошето на Илинденска со Ленинова, во седум. Не знам дали не отидов по сопствена желба, или од страв дека нема да го најдам.
9/27/2012
Смрдливиот пат до министерствата
Вчера не ме мрзеше, па по тротоарот што од Палома Бјанка води до улицата Македонија, растојание од околу 200 метри, се обидов да избројам колку парчиња разно ѓубре, и колку свежи исфрлоци од шлаем ми стојат на патот. Резултат - 661 парче мешан цврст отпад и 72 тазе изблуени плуканици. Кој не верува, нека провери. Околу таа цифра се врти пладневниот просек секој ден.
Потоа се вратив назад и влегов во пасажот кај Мек Доналдс со намера да излезам кај ТЦЦ Плаза. Во тоа парче од околу седум-осумстотини квадратни метри заграден простор, гадотијата веќе ни се брои, ни се мери. Во самиот пасаж, прво налетав на исполегнато друштво дремливи пци-скитници, безгрижно испружени врз засушените бари од урина што ноќните скопски пијаници ја истураат на тоа „скришно“ место со години, не штедејќи ги ни потпорните столбови на објектот. Внатре, на паркингот, прво ме заплисна смрдеата што доаѓа од неколку групи отворени контејнери, околу кои се плеткаа некои пет-шест мачки, скокаа внатре-надвор и се гостеа со помијата од Густо, Кибо и останатите угостителски локали сместени во блокот. Ѓубрето преку кое МОРАВ да газам одејќи кон ТЦЦ Плаза, содржеше претежно згужвани парчиња хартија, солидно замрсени од бурек, банички, гиро или слична брза храна, но и пластични чаши од јогуртчиња од 0,2 деци, од кои истекол и се подзасушил остатокот што лапачите не можеле да го допијат пред да го џитнат, каде им дошло. Имаше тука и празни кутии од цигари, стотици пикавци, крпи-пачаври, за’рѓани желевца од различно потекло, неидентификувана пластика во различни форми и, се разбира, шлаем во неограничени количини. Има и еден стар, доносен чевел, што со месеци го гледам на истото место, а кој се покажал неатрактивен дури и за кучешка игра. Два-три употребени кондоми, малку сув човечки измет, уште малку кучешки, па една искршена канцелариска столица и неколку кеси со стара хартија го дообликуваат амбиентот. Возилата на паркингот се паркирани прекутрупа и се гледа дека утрото ја минале трката за фаќање место, пред да стаса оној другиот.
Тоа е, отприлика, местото во Скопје каде што се сместени и работат дел од најважните министерства и државни агенции. Директна глетка врз опишаниов хорор имаат, на пример, строгиот министер за финансии, непопустливиот министер за правда, напуфканиот министер за образование и наука, и наконтениот министер за труд и социјална политика. Тука се и канцелариите на директорите на Агенцијата за државни патишта и Агенцијата за електронски комуникации, како и на раководните лица на Стопанската комора на Македонија и неколку други институции. Овие фаци секојдневно примаат гости и делегации од целиот свет, кои, за да дојдат до своите македонски домаќини, неминовно поминуваат низ смрадот и депонијата создавана со децении. Со впечатокот од таа гнасотија, тие влегуваат во луксузните кожни кабинети на нашите министри, пијат фино капучино што им го послужуваат мазните плејбој-зечици дотерани во Манго, Зара и Котон, и разговараат за интегрирањето на Македонија во некојаси ЕУ, или за зајмење пари за реформите на исплуканава земја.
Тури му пепел на министер кому не му пречи говнениот екстериер во кој, као, работи и дише по цел ден, 24/7, со години. Тој тип или ја игнорира, или не ја ни забележува смрдешницата околу себе. Зашто неговите сензори се штелувани за други намени и намери, до чие остварување, сакаш-нејќеш, најлесно се стасува преку говна. Создавањето говна и толеранцијата на туѓи говна е мајндсет на оваа нација што се создава од горе, а се распостила до доле. За овие фаци-чауши, бљувотината што ги опкружува е составен атрибутивен елемент на нацијата што неуморно ја подебаваат за свој бесконечен ќар. Ниту на еден од нив не му дошло ни на крај памет дека со едно ебено спомениче помалку на оној, исто толку шлајмосан плоштад на античката пиздарија, ќе запослеше двајца што секојдневно ќе чистеа околу овие битни згради за лицемерно да не’ отсрамат барем пред странците. Зашто едни од други, нашите немаат срам. Говно на сокак или плуканица на тротоар - тоа за нив е природниот амбиент во кој треба да живее ликот кој сеуште носи назив Македонец.

9/22/2012
Кире победи во садистичкото Лејт најт шоу
Кире Наумов ја доби битката што синоќа од кафанската маса на Аминта Трети се пресели во Канал 5. Клуч за победата на Кире беа неговата психолошко-интелектуална кондиција (психологија на здрав разум, анализа и синтеза), и демонстрираната физичко-физиолошка кондиција (го издржа тричасовното физичко малтретирање што му го приреди г-ѓа Велиновска, и садистичката, оркестрирана, однапред договорена галама што тројцата збратимени џелати ја правеа кога тој требаше нешто да каже). Надвикувајќи се со непристојните домаќини (да, тројца беа домаќини) и сочувувајќи го тактот, дечково, навистина, не престана да се поти, ама паметното и чисто мозоче го направи партал нивниот валкан план за „уште едно расчеречување на иномислениците“.
Претпоставувам (не го гледав воведниот дел на „шоуто“) дека мотив на тајфата од Аминта Трети за повторно „дебатирање“ на темата Скопје 2014 е тазе објавениот контроверзен и веќе популарен „проект“ Француски клуч. За народот, емисијата требаше да има поучна и мобилизирачка функција. Таа требаше уште еднаш да му прочепка на Македонецот по самочувството и самосвеста, да го напали против предавниците, и да го повика на отпор кон своите браќа. Немам докази за тоа на каков отпор мислат домаќиниве, ама од нивото на агресија што го истурија со нивното урлање, мавтање со раце и нозе, и омаловажување на гостинот - лесно може да се идентификуваат нивните желби и очекувања.
На штета на домаќините, гостинот не се фати на мамката за потхранување на братоубиствата. Тој презентираше зрел и издржан логички однос кон небулозата наречена Скопје 2014. Наумов не навреди никого, а своите аргументи ги постави, главно, на економска (буџетска) основа. И самиот политички искусен, разговорот го насочи кон она што најмногу го боли народот - растрошноста на власта во време на најдлабока криза. Се дистанцираше од оценки за стилскиот профил на Скопје 2014, но, истовремено, јасно го искажа својот став во врска со идентитетскиот аспект на Македонецот и за погубноста во која ќе резултира актуелното историско редефинирање (ревидирање) што паралелно го вршат двете најголеми етнички политички елити во Македонија. На домаќините им го плесна во лице и најважниот факт - поделбата на народот, што властите ја извршија со програмата за подигравка со неговото национално чувство.
Во сценариото за черечење на Наумов, човек во кој народот требаше да ги препознае Бранко, СДСМ и целото национално предавништво, не влегоа останатите двајца гости на емисијата. Со својот култивиран настап, Станковски и Даскаловски ги разочараа домаќините и и’ удрија уште една шамарчина на нивната погана намера. Еден уметник и еден политички аналитичар си го сочуваа интелектуалното достоинство, без оглед на својата политичка наклонетост. Однесувањето на овие луѓе е нешто што отприлика би требало да ја означува демократијата.

9/17/2012
Илузиите, парите и одговорноста
Собиранката на младата полетна војска на владеачката партија минатата недела беше убав доказ дека дури и во време на рецесија, безработица, нејасна иднина на земјата и веќе здодевна партиска програма, не попушта жестината со која партискиот врв го јакне ентузијазмот на своето младо членство. Илјадници дотерани и насмеани дечки и девојки ја исполнија Универзалната сала до столче, и му дадоа громогласна поддршка на својот водач, кој итро им порача дека тие се идните господари на Македонија. Нема причина овие неизбрчкани лица во салата да не му веруваат на шефот. Тој, навистина, направи поимот власт во земјава да се асоцира со најмладите, така што секое од овие деца сосема оправдано се надева дека во првиот нареден круг од „играта на среќа“ ќе биде извлечено од пренатрупаниот барабан и одважно ќе заседне во некоја од раководните фотелји. И тие што нема да бидат извлечени, покажа шестгодишната историја, нема да останат со празни раце. Ќе бидат вдомени натаму-наваму низ јавната администрација, партиските „НВО“-а и општините. Некои ќе добијат стипендии за во странство, на други ќе им се измислуваат платени партиски ангажмани, ќе бидат трчкарала по грандиозните барокни проекти, ама ниедно нема да остане незбринато. На овој начин, Груевски и натаму привлекува ново членство во партијата и си ја зацврстува позицијата за секои наредни избори. Таман и да се без работа или свесни за перфидното однесување на власта, родителите на овие деца ја пеат познатата македонска „нека има за младиве, нашето веќе пројде“, со која ги извадија на виделина понизните народни особини на помирливост, немање амбиција и виткање на ’рбетот. Груевски фантастично игра на оваа народна карта, играта ја усоврши до перфекција, а резултатот е онаков каков што посакуваше: „и волкот сит, и овците на број“.
Така беше до сега, а приказната ни’ е позната на сите. Научивме дека адутот со кој владее Груевски се парите и само парите. Местото на идеологијата, која одамна е избришана од меморијата за партијата, сега цврсто и неприкосновено му припаѓа само на лидерот. Поради тоа, денес се’ помалку слушаме дека луѓето гласаат за ДПМНЕ; не, тие гласаат за Груевски. Тој стана парадигма на власта, водството, управувањето. Се гласа, имено, за газдата, стопанот, таткото, оној кој располага со касата, и одбира кому, кога и колку ќе удели. Луѓето, тие јадни суштества, лицемерно му се поклонуваат, покоруваат, му се колнат на верност, чекаат во долги редици како кај месија, а тој, врз основа на своите добро информирани критериуми, пресекува за заслугите на секој поединец. Приземна, провидна, лигава, ама вистинита византиско-ориентална психологија. Одличен, едноставен и несоборлив механизам на владеење во општество без избор, без алтернатива, какво што е нашево. Општество во кое не постои нормален приватен сектор, слободен универзитет, силна интелигенција и диференцирана средна класа - основните претпоставки за минимум функционална демократија. Општество во кое врз секој од овие сегменти надвиснала по некоја темна сенка. Врз некого заради некогашни коруптивни игри и престапи, кај други заради можна лустрација, кај трети едноставно заради страв од губење работа. Нема дом во оваа земја во кој не владее барем некој од овие стравови.
Но дојде време кога касата веќе е скоро празна, а изворите за полнење полека секнат. Се прашувам што ќе се случи кога на илјадниците нестрпливи деца од Универзаланата и другите сали низ Македонија ќе им стане јасно дека на шарената приказна и’ доаѓа крај, а тие не успеале да чепнат подлабоко во грнето со убави илузии. Што ќе биде кога и тие деца ќе погледнат на спомениците, грандоманските барокни зданија, мостови и катни гаражи со нашите очи? Кога ќе разберат дека тие грдни пари можеле да бидат вложени во проекти за нивна сигурна иднина, наместо за баханалии за непознато, штотуку родено минато. Кога ќе погледнат со трезен поглед врз сите оние, кои во времето кога нивниот газда растрошно ракувал со туѓите пари, го допреле дното и ја изгубиле вербата во се’ поврзано со државата. Кога генерациски ќе се пребројат и ќе откријат дека многумина веќе заминале. Ќе се освестат ли овие деца или, за на век задоени со идејата за ефективност на јуришот, како што ги воспитуваа низ партиските поуки, ќе почнат да дивеат на сите страни, водени од сопствената фрустрираност?
Работејќи со млади години наназад, посветував многу време за да ги поттикнам на неутралност и реализам кога ги оценуваат општествените појави, и на градење определена дистанца при формирањето на некакви поцврсти, па и политички ставови. Отсекогаш сум имала волја искуството да го пренесувам на младите за да им помогнам да соберат што повеќе материјал за нивните неопитни младешки размисли за животот. Ги гледам овие деца од Универзалната сала и, несвојствено за мене, за прв пат во животот немам ама баш никаква желба со било што да контрибуирам за објективизирање на нивниот искривен животен ракурс. Конечно се уверив себе си дека, на крајот на краиштата, секој е ковач на сопствената среќа, и дека никој нема право никому да се меша во животните избори. Овие млади го прифатија со обожавање начинот на кој им се продаваат напумпаните надежи за вечната земја, и сами ја донесоа одлуката за игнорирање на реализмот и очебијното. Брзо научија и да бидат општествено неодговорни и да дозволат илјадници други нивни врсници да живеат на маргините на човечкото, тука, покрај нив. Тие вдахновено се вклопија во разурнувачкиот поход против „другите“, како што им беа давани упатствата, и го продлабочија процепот што веќе го беа ископале постарите. Тие не увидоа дека политиката на делби, материјално фаворизирање на мали групи и заплашување на останатата раја нема да донесе среќни денови. Ама тоа веќе не треба да им се повторува. Треба да ги оставиме да поживеат во тој виртуелен простор, кој полека, но сигурно, се стеснува. Да, на тој начин ужасно се деградира рационалниот потенцијал на една цела млада генерација, но единствено исправно е да се допушти секој да си се соочи со својата одговорност и да си го понесе товарот на своите одлуки. И онака не е оставен никаков простор добронамерните да проговорат и да сменат нешто во оваа смисла. Бидејќи се’ што беше добронамерно замолча, казнето или обележано како деструктор во големата ера на нашата преродба.

9/09/2012
Идеја, господо!
Ова што сега ни’ го правите, господо, да простите, е асимилација. Асимилација базирана на една застрашувачка идеја, чии харања кој знае како ќе продолжат. Асимилација многу слична на онаа што Грците ја извршиле врз македонското население во Егејска Македонија, или онаква каква што прават и дузина други нескротливи режими врз некои страдни народи. Ако меѓу вас, господари на земјава, има Егејци, многу добро ќе се разбереме за што зборуваме. Методите, навистина, не ви се толку крвави. Вие физички не не’ ликвидирате, но раните што ни’ ги отворате еднакво крварат. Вие, како што и Грците им направија на нашите, прво побаравте да замолчиме. Потоа изградивте систем за да се срамиме, и на крај побаравте да се покаеме. Не’ натеравте по пет пати да се вртиме наоколу за да видиме дали некој не’ наслушнува пред тајно да си проговориме на јазикот што го говориме и си го разбираме. Ние сега тајно се состануваме. Отпадници сме во своја земја, кои тајно си кимнуваат со глава за да не се доведат во ситуација и така тешкиот живот уште повеќе да си го усложнат. Вие не’ пизмите ако се идентификуваме како што се чувствуваме, и на најсурови казни не’ осудувате ако не се покориме. Казната ваша е многу страшна, господо. Зашто ние немаме каде да заминеме, освен ако не сте договориле коридори за наше депортирање, како она во 1948.
Немам ништо против, господо, ако сте решиле да расчистите со комшиите. Сите ние од срце го чекаме денот кога прашањето на нашето национално препознавање ќе се реши, во наша полза. Ништо помалку од вас, господо, не сме навредени и понижени од разните одредници, кратенки и лепенки што ни’ ги закачуваат каде и да се појавиме. Ништо помалку од вас, господо, не не’ измачува прашањето како да се продолжи. Како и сите други народи, и ние одбираме власт, со надеж дека таа ќе се справи со проблемите. Но вие, господо, наместо да решавате, создавате проблеми. Заборавате на древната изрека дека не постои народот заради државата, туку државата заради народот. Несвесни за таа мудрост, вие народот го инструментализирате, го ставате во функција на државата. Вие создадовте големи проблеми и сега, без право, сакате да ги менаџирате преку грбот на народот.
Вие, господо, создадовте опасен проблем Македонецот да биде јавно казнуван ако се дрзне себе си да се доживува онака како што го учеле дедовците. Вие, како и Грците, му кроите калапи со нови дефиниции за чувствата, му прпелкате по исконската ДНК и му чепкате по семејните стебла и гробови. Простете, господо, тогаш дајте да признаеме дека ние и вие не сме ист народ. Дозволете ни’ го, затоа, правото да се декларираме како различни. Дајте уште една колона на пописното ливче за да има место за сите, па и за нас. Каква што е рамковна Македонија, можда и ние ќе стасаме до критичниот процент за да се стекнеме со некои важни права, по етничка основа. Право на самоизјаснување, право на улици, школи, автопати, знамиња, управување со дел од државата. И право на вработување, секако. Дури мислам дека ваквото решение би било најсоодветно за сите нас. Ќе ја прошириме мултиетничката карта и ќе го збогатиме културниот плуралитет на земјава. Еве ви ИДЕЈА за реформа, која, ако ја спроведете, и вие како власт многу подолго ќе останете, верувајте. Вие среќни, ние среќни.
Ако тоа го направите, господа, веќе нема да се лутам за спомениците и коњите. Ќе одам да ги посетувам за поблизу да се запознаам со културата на другиот етникум во мојата држава. Ќе доаѓате и вие кај нас на слави, имендени, а вие, пак, ќе не’ каните на вашите свечени антички обреди. Ќе доаѓам со радост зашто антиката отсекогаш ми била интересна, дури и импозантна. Ќе ми биде чест да бидам гостин во вашите храмови, да пијам од црното вино послужено во пехари и да ви наздравам за многу години. Впрочем, и Александар така би сакал да не’ види. На прославите на 8 септември ние, за разлика од некои други кои ве игнорираат, ќе доаѓаме, господа, зашто ние оваа земја ја сакаме. И знамето, господа, многу го сакаме, и химната многу сме ја плачеле. Имаме ние многу добри пејачи, господа, што од душа ќе ги испеат најубавите македонски песни. Дајте ни’ право тоа да ви го покажеме. И верувајте, ние нема да ви правиме проблеми, господа, едноставно зашто не ве мразиме. Ние, просто, само сме многу различни.

Subscribe to:
Posts (Atom)