Никако од пред очи да ми исчезне сликата на Радмила Шеќеринска. Тоа е слика што веќе сум ја ставила во замислена рамка, а и’ припаѓа на виртуелната колекција на мојот уметнички ѕид, во која влегуваат примероци од типот на „Крик“ на Едвард Мунк или „Герника“ на Пикасо. Остана таа слика на Рада скована во мојата меморија за 24-от ден на декември од оваа разулавена година. Нејзиното лице во грч, устата растегната во очајнички врисок, и телото, од раце на ѕверови во човечки облик - влечено по подот. По подот, покриен со скапиот таписон послан по крвавиот храм на некогашната, каква-таква демократија. Не дека останатите претепани не ги видов. Не дека врисоците на жените не ги слушнав. Не дека на очите свои можев да им поверувам, но ете, мојата секвенцијална меморија одбрала дека Радмила треба да ми излегува пред очи секогаш кога ќе се сетам на тој злослутен ден.
Мозокот е магична машина. Во тие неколку, во френетичност снимени секунди на линчот врз младата жена, не само што заплакав и писнав, туку и десетици мисли како молњи ми пролетаа низ лавиринтите на уморниот кортекс. Прво помислив на нејзиното дете, кое еден ден секако ќе ги види дигиталните записи од најгнасното понижување на својата родена мајка. Потоа помислив на мајката на Рада и, не знам зошто, таа непозната жена ми се појави во видното поле како темна силуета што се струполува кон некаква бездна и никогаш веќе не станува. Па си помислив, поточно - ја осетив, физичката болка на Рада, гледајќи како и’ ги тегнат рамењата, и’ ги бодат слабините и и’ ја шутираат веќе болната нога. Па помислив на тетка ми, која на сличен начин била злоставувана од фашистичките пци во најтешките воени времиња. Се сетив и на големите мигрени на дедо ми, што тој ги беше заработил од ударите на туѓинските бајонети по фронтовите и ратиштата, а со кои во болка живееше до смртта. Ми пролетаа и сеќавањата за мрачните братоубиства по Македонија, за кои сум читала по историските читанки, а сум мислела дека се само тажни приказни за минато што никогаш нема да се повтори.
И сега ми се вртат истите мисли. Си велам, како тоа дете на Рада ќе може да заигра детска игра со детето на некој од мачителите, ако еднаш, што знаеш, заодат во исто школо. Или, како дечињата на тоа дете на Рада ќе можат еден ден да седнат во исто друштво со внуците на џелатите? Нема да можат. Ниту тие деца, ниту децата и внуците на Весна, Соња или Маринела ќе можат било кога да се најдат на иста, расположена и распеана маса со децата и внуците на безочниците. Ги бројам децата на едната и оние на другата страна. Исти се по број, чинам, а тие бројки, и на двете страни, ќе се зголемуваат по некаква прогресија. Едните од нив трајно ќе ја носат болката на лицето на Рада како гадна тетоважа во своите души. Другите, пак, вечно ќе се ситат на таа болка во душите на првите. Горди ќе бидат што таа болка ја нанеле нивните предци, со кои ќе се гордеат и дичат. Едните во јад ќе го запечатат сеќавањето за страшниот ден; другите, пак, ќе плукаат со мерак по нивните солзи, како што тоа сега го прават нивните мајки, татковци, дедовци и баби. И така до недоглед. Верувавме дека дошол крај на недогледот, но тој жилаво се изборил за вечност.
А Македонија мала, тесна, ќе има ли место за сите? Просторот со воздух го зазеле силни, моќни, дебели и страшни. Никој ни да цимне, ни да попушти. Го држат грубо, го стегнале со оков, а за оковот ни клуч има, ни клешта го сече. Затоа, ѕирни пријателе низ првиот прозор до тебе, и погледни со отворени очи. Ќе видиш врвица од деца што тргнале кон спасот, таму некаде каде што можда има малку воздух, да задишат, да здивнат. Деца мои, твои, невини и тажни, кинисале на долг пат. За да најдат арно, да родат свои деца, на кои жално ќе им кажат: „Дојдовме во дамнини од една земја, по име Македонија. Таа земја ја пустеа од надвор, ја пустеа со сите сили, но умре од своите, во страдања од пекол.“
12/28/2012
12/21/2012
Доктрината на шок и штрајкот на лекарите
Ситуацијата околу штрајкот на лекарите многу ми заличува на примерите за подлата злоупотреба на несреќите на луѓето од страна на моќните корпорации, само за нивна профитна полза . За ова, во можда највпечатливата книга од новиов милемиум - Доктрината на шокот , пишува исклучителната, инаку моја омилена авторка и активистка, Наоми Клајн . Во книгата, таа го опишува механизмот, преку кој на најбескрупулозен начин, корпорациите вршат капитално колонијализирање на цели нации или нивни делови, користејќи ги моментите кога тие луѓе се соочуваат со големи природни, воени или општествени катастрофи. Под маската на спасители во состојби на тешки економски или друг вид шокови, корпорациите безмилосно се впуштаат во суров лов во матно за, додека луѓето се освестат од шокот, тие самите да можат безбедно да ги стават своите шепи врз патеките на парите. Наоми Клајн пишува и за вештачки предизвикани катастрофи или непогоди, режирани со иста цел: да се заработи бесрамно за сметка на несреќата на луѓето.
Паралелата со актуелната приказна во нашето здравство ми се чини многу на место. Особено откако по неколкунеделното траење на штрајкот на лекарите-специјалисти и неуморната владина медиумска кампања за народот како жртва на неодговорните бели мантили, премиерот ниодкуда се појави со една, навидум невтемелена изјава, дека болните не треба да стравуваат зашто функцијата на јавното терцијарно здравство ќе ја преземат приватните установи. Клик! Од тој момент веќе ништо не е исто во врска со штрајкот. Одеднаш го насетивме мирисот на доктрината на шок што почна да се шири од задкулисното сценарио што го плетат властите и капиталот. По еднодецениска битка за народните пари од Фондот за здравство, сопствениците на приватните клиники го најдоа најслаткиот начин како да се доберат до здравствениот денар. Во моменти кога народот најмногу ќе биде исплашен за својата судбина во болест и мака, ќе ги уфрлиме во игра моќните корпорации, кои од љубов кон населението ќе ја преземат улогата на корисници на фондовските пари. Јавното здравство, тој гнасен комунистички мастодонт, тој свиреп непријател на оваа божја раса, ќе мора да падне. На негово место, како принц на бел коњ, ќе дојава приватниот спасител за да не’ лечи со нашите пари. Народот, кој сега го носат по антипротести и лаења, дур се сврти малку лево-десно, веќе ќе биде роб на некаква понижувачки скроена медицинска услуга што ќе му ја нудат разни Систини и Кристини.
Масакрирањето на јавното здравство што ни’ се случува пред отворени очи и при здрав разум, на овој начин ќе може набрзина да биде окончано. Младиот амбициозен министер, за кого не знам зошто, но сеуште верувам дека не знае што прави, еден ден ќе има многу главоболка. Бидејќи ќе разбере дека наседнал, заслепен од тнр. реформа. На која и’ приоѓа како на нерешлива, но толку возбудлива компјутерска игра што му бара за секое наредно ниво на помош да вика некои други, поискусни играчи. Опчинетоста со која министерот се внел во формулите, балансд скоркардовите и моделите, ми дава за право да мислам дека дечкото е под хипнотичка омама на интелектуално искушение.
Наоми Клајн вели дека победнички активизам е само оној, кој има корен и не користи насилни средства. Ако штрајкот на лекарите навистина има таков корен, претпоставувам во некаква претходно направена, издржана длабинска анализа на терцијарниот сектор во здравството, во взаемната солидарност во фелата, како и во некаков изготвен несоборлив предлог за враќање на достоинството на трудот на специјалистите во јавното здравство, сигурна сум дека може да победи. Манирот во кој се одвива штрајкот - мирните протести, ненавредливата реторика и УПОРНОСТА, се исто така фактори на успех според Клајнова. Единствената слаба страна на лекарите е ограничениот пристап до медиумите. И за тоа постои решение. Средби со граѓани, дебати по локални средини, некоја брошура или лифлет, можат да ја пополнат таа празнина.
И уште нешто. Ако зад целата епика на штрајкот стои и опстои главното, а тоа се искреноста и чесните намери, овој штрајк, и покрај општата недемократска атмосфера, има шанса да се омасови како глас на заборавената и понижена средна класа во земјава.

12/16/2012
Црвенковски како жртва на Милтон Фридман
Бранко Црвенковски мора да се помири со фактот дека тивкото, но несопирливо паѓање на неговиот рејтинг, се должи најмногу, ако не и целосно, на неуспехот на неговите економски реформи од деведесеттите. Десет пати нека ги нема Бучковски и Бузлевски во редовите на СДСМ, во партијата постојано нека се активираат нови и неизвалкани лица, нека се кандидираат еден по еден какви сака локални угледници за градоначалнички места, нека се воведуваат популистички ноти во партиските партитури - сето тоа нема да биде доволно за партијата да и’ се спротивстави на беспоштедната пропаганда на власта против Црвенковски, во која тој е прикажан како единствен виновник за економската пропаст на Македонија. ДПМНЕ и натаму ефикасно игра на таа победничка карта - блатење на економската доктрина на Црвенковски, па со секојдневно потсетување на македонската транзициска трагедија, откинува парче по парче од лидерскиот кредибилитет на водачот на опозицијата.
Нема дилема дека нешто слично еден ден го чека и Груевски. Неговите бесмислени и погубни политики веќе подолго време се под удар на трезвениот дел од нацијата. Проблем е што тоа сеуште не го гледа плебсот, на кого, по правило, секогаш му се потребни извесна временска дистанца и политичка сила, која сето тоа ќе му го објасни на соодветен начин. Како во случајот на Црвенковски, кому на плеќите му се товари и „предавништвото“ за името и територијалната организација на земјата, Груевски ќе мора да се соочи и со последиците од играта со историјата и идентитетот на Македонците. Затоа што сега, пет години подоцна, таа игра не само што придонесе светот да се подбива со нас, туку и направи народот да се подели на два различни македонски подентитети. Ни Црвенковски ни Груевски - типично за суетни претставници на политиката, не се освестија на време од опиеноста поврзана со нивните најважни одлуки за нацијата.
Денес е јасно дека Црвенковски е жртва на сопствената послушност пред неолибералниот економски диктат на ММФ и Светската банка во текот на транзицијата. Овие две институции беа ладнокрвни извршители на идејата на водечкиот селебрити-економист од тоа време, Милтон Фридман, за саморегулирачката моќ на пазарот. Не само кај нас, туку и во целиот свет, Фридман стана економски бог. Затоа е прашање дали Македонија, така мала и така слаба, во тоа време имала некаков друг избор во врска со правецот на реформите. Тоа ќе го покажат историските записи. Но, вистината е дека ММФ и Светската банка прилично лесно ги ставија под свое главните економисти на Црвенковски од средината на деведесеттите. Дел од тие луѓе одлуките за реформите ги спроведуваа под притисок на Владата, но меѓу нив, да не заборавиме, имаше и вистински пазарни фундаменталисти, кои успеаја од своето опкружување да ги елиминираат сите оние кои се обидоа да им се спротивстават на мерките на шок-терапијата. Неолибералниот концепт беше во тренд. Тој како стихија се ширеше по земјите што се ослободија од советскиот, соцреалистички стопански модел, а како успешни стории беа прикажувани економии кои на кус рок постигнале добри резултати, како Унгарија или Ирска, на пример. Никогаш, меѓутоа, не беа анализирани примерите на земјите од Јужна Америка, во кои неолибералниот модел беше тестиран далеку претходно. Треба да се потсетиме дека во тие јужноамерикански држави системот беше воведуван со сила и диктатура, а дека неговата примена резултираше со пролеана крв на илјадници убиени и злоставувани луѓе. Скоро во сите овие земји неолибералниот модел на крај заврши со колапс на економиите, а опоравувањето го донесоа некои нови и независни развојни решенија.
Познато е дека антипод на неолиберализмот, како модел „непријателски“ за народот, е кејнзијанството, кое се заснова на идејата дека улогата на државата треба да биде силна во регулирањето на пазарот и во придвижувањето на развојот. Познато е, исто така, дека македонскиот народ историски најмногу се развил токму во време кога државата имала пресудна улога за подемот на нацијата, во социјализмот. Илјадници пати е повторувано дека несреќата на Црвенковски е што прифати неговата левичарска партија да го фати патот на неолибералната реформа, целосно спротивно на нејзината природна идеологија, а Груевски да го искористи моментумот, па својата десна партија да ја кејнзијанизира и да го зашемети народот. Овие времиња, во кои премиерот вешто игра на божемната програма дека „државата прави за народот“, испадна курентен производ на сиромашниот пазар на политичка понуда на која се изложени нашите граѓани. Груевски, во суштина, никогаш не го напушти неолибералниот модел, туку зулумот на неговите темни краци само кусорочно го маскира со туѓи или незаработени, зајмени пари. Затоа, во очите на народот Црвенковски е човекот кој им земал, а Груевски е оној кој дава. Не е важно што од касата на Груевски наскоро ќе се слуша ехото на испразнетоста. Не е важно ни што нашите деца и внуци ќе пцујат за растрошноста на народњакот кој го искористил Кејнз за своите итри, а промашени цели. Сето тоа уште не се гледа. Но важно е, и се гледа, дека Црвенковски е едно од бројните чеда на Фридман, по кои сега мава и плука целата земјина топка, па со неа и овој неук, беден и вечно лажен народ.

12/10/2012
Колку ми се секси мушкиве политичари
Се утепавме од мрчење против македонскиве политичари. Се разбира, тоа сами си го бараат. Ама, пред некој ден бев у друштво со неколку жени на различна возраст, не многу блиски една со друга, и почна муабет на тема кои од мушкиве политички фаци се секси, а од кои треба да фаќаш гитла ко жена. Ја до сега, да бидам искрена, никад не сум ги гледала типциве со такви очи. Али и јас сум женско, па си реков, ај малце да ги прочешлам, онака, ко за сопствена употреба, пред избори, па да видам што ќе излезе. Се фатив за „најважните“, на чија харизма партииве рачунаат дека збираат гласови. Ги „протресов“ со женско око, на основа на она шо го гледам коа се појавујат у јавност и какви пораки праќаат до жените. Не познавам ниеден од нив. На сите тие арслани им закачив по еден епитет, со кој ја опишувам мојата генерална импресија за нив како мужјаци. Еве што добив:
Хорхе, раскажувач. Тоа ти е една скромна балканска фигура, со кроток поглед, увек у традиционален аутфит, која не емитира сексуални сигнали. Тоа е заради пристојноста на која игра као на најјача карта. Он е чоек шо те гледа у очи и ти раскажуе. Он е жеден да го прашуеш. Он е лежерен дур збори, ама у грч за да те освои. Он е ранлив, али годините блааааго го подзајакнале. Старее сасвим пристојно, а брчките не го праат матор, него му додаваат карактер. Он е тип со кој би уживале жени кои не бараат превише животна динамика, туку содржина. Пргавите би пукнале, али он го знае тоа, па праи уступци. Он е од оние типови кои не те нервираат коа се дома. Го замишљам по папучи, сам у радна соба, никого не масира, јаде шо ќе му даеш, не се кара со фамилија. Али знае да стане незгоден коа најмалце се надаш. Па се мршти. И има свои ќефови од кои не се откажуе. Тогаш попуштај му.
Трајко, таен шмекаџија. Он е муж ко од времето на татко ми. Чиновник, конзервативен, он као, бере гајле за све дома. Али има интригантно варљива фаца. Он е сексуално заинтересиран, али тоа добро го маскира зашто знае дека последиците од многу шарање би го коштале више од меракот. Очињата му запажаат баш све. Он, коа не би бил политичар, би бил секси на олд-фешн начин. Он со жена или е експлозивен, или свиреп. Нема средина. Он е тип кого политиката неуморно го клеса и го претвара у машина. Тоа го прави доста неатрактивен за женски очи. Има бирократски речник, а тоа има везе со сексипил колку шо се блиски мачката и кучката.
Б.Ц., флерт-експерт. Муж со педигре на швалер, у шо ја баш и не верујам. Он јес да е малку више секси од другиве ко појава, али жена никад не е најважна ствар у неговиот живот. Он е мераклија за све што е лепо, али од жени бара и малце мускул, у секоја смисла. Он сака да се релаксира и да забавља друштво, па и женско. Он е муж кој сака жени да му се диват. Он со жена не е скроз искрен, али знае да и’ обрне внимание на шмекерски начин. Уствари, со него жена никад не е на чисто на што е. Он добро се облака и води рачун за линија и тело. Он уснимуе жени, али онаа мимика шо ја праи со едната веѓа, придружена со лесно ироничен поглед, утеруе извесна сумња. Со него, без мука би се забављале жени шо нема превише да се оптоварујат со емоции, нити да му тражат погача преку леб.
Ахмети, дистанциран. Овој, и покрај тоа шо не изгледа лошо, не покажуе интерес за секси наступ. Личи као да освен политика, ништо друго не го интересира. Ни коа збори не зрачи со харизма, а не ни покажуе другачија тенденција. Акцентот у све шо праи му е на скромноста, паметот и изречената мисла. Его трип, сконцентриран е на себе. Со жени пази што збори и никад не прекорачуе дозволени граници. Он е тип на господар. Он е чоек-мистерија. Он не губи време на празни муабети. Он дозира расположење, кое, углавном, онака, тежи. Жена која би била за него е некоја фина, ќутлива и работлива, скоро невидлива особа.
Јани, бомбица. Он е добро васпитаван, ептен гледан од мајка, и мазен. Он има шарм на оној вечно детињаст начин. Он е поише добро дете, него мужјак. Он е као дечко за средношколска љубав. Он со жена не знае баш како, али пази да не згреши. Он од жена би сакал да бара многу метании, али знае дека тоа не е баш тренди. Он знае и да гњави, и упорно да фрчи. Он сака да се зеза со жени, али пази да не стане нападен. Он е дечко кој добро учи, па научуе и тоа како треба со партнерка. Он не е секси на прав начин, али има доза на бејби фејс и бистар палавко, што жените ги тера да го штипкаат, закачаат и гушкаат. За него се добри трпеливи жени, упорни и умни.
Мендух Тачи, одметник. Овој стварно е секси, али на див, изазовен и истовремено језив начин. Он е огин. Така се облака, така се понаша, така се заебава. Он е од оние типови од амерички филмови, кои прво ќе ги заведат жените, ќе ги наакаат на себе, а после ќе ги снема. Па ќе се појават ниодкуда, ќе останат една ноќ, а сабајлето креветот е празен. И така цел живот. Он е истовремено љубавник и ѕвер, другар и варалица. Он поштуе лепота, финоќа и манири кај жена. Важно му е жени да го мерачат. Он е причалица. Со него, сепак, се најсреќни оние жени кои не анализираат или тражат баш превише. Најважно е да го слушаат.
Жерно, манекен. Малиов, иако не е меѓу најважните у политикава, за урбаните жени е доста битен. Скопска фаца, згодно спакуван, лепо обријан и у доста аристократска поза. Колку шо е фин за око, толку не делуе швалерски - таман по укус на најголем дел од жениве. Со нив, пак, е пажљив, пази шо збори и шо обеќава. Нему жени му се важни, али увек брои до десет пред било шо да напраи. Изнутра е емотивен, али феноменално го контролира својот био-нагон. Он е права верзија на либерален демократ. И по аутфит, и по говор, и по гестикулација. Превише е политичар, за да биде мужјак. За поише сексипил, му фали да подизвади на виделина некое пламенче од својата унутрашња ватра. Бар преку говорот.
Може ќе се прашате зашто фалат некои фаци у моево чаврљање. Епа не сум до таму негде луда, бе, луѓе.

12/01/2012
Девојчето со кибритчињата
Сакам да ги слушам резултатите од анкетите со кои ја испитуваат „среќата на нациите“. Ги сфаќам како проверки на степенот до кој луѓето во различни земји успеваат да ги реализираат своите потреби. Баш онака како што за задоволувањето на потребите зборува Абрахам Маслов. Тој вели дека на патот до тнр. самоактуализација (себеизразување, самоостварување), поединецот треба барем претежно успешно да ги мине фазите, во кои најпрвин се фокусирал на своите базични барања, а потоа и на останатите, се’ посложени човечки пориви.
Една од суштинските логики на современата држава е, на еден организиран, цврсто дефиниран и паметен начин, на своите луѓе да им обезбедува, и постојано да надградува, амбиент во кој тие ќе можат слободно да го одат тој пат до самоактуализацијата. Да ги задоволат најнапред тие свои основни потреби - за храна, дом, сигурност, здравје, работа, семејство, а потоа и потребите што имаат покомплексна, духовна природа, какви што се градењето кариера, личниот социјален и културен развој, себепрезентацијата, себепотврдувањето. Здравите социјални и демократски држави ги препознаваме по умешноста со која градат интерни системи засновани на потребите на поединецот. Тоа се системи чија цел е општествена инклузија на единката, нејзино вклучување во општествените движења, текови и процеси на донесување одлуки. Тие разумни држави се темелат на респектот кон способностите и можностите на индивидуите, и создаваат простор за реализација на индивидуалните аспирации. Според Маслов, таквиот поединец, кој со своите човечки капацитети успева да се пробива кон врвот на пирамидата на потребите, истовремено се стекнува со самодоверба и самопочит. Таквата индивидуа може на најдобар начин да ја аплицира својата креативност. „Среќни нации“ се, всушност, оние кои на своите поединци не само што не им го попречуваат патот до среќата, туку ги фацилитираат нивните индивидуални стремежи.
Може да се направи и паралела, поврзување, на тезата на Маслов со универзалната идеја за човечките права и слободи. Бидејќи човечките права се во непосредна, природна врска со потребите на луѓето. Правата на поединецот не се ништо друго освен права тој да може на што понепопречен и послободен начин да ја црпи и емитира својата создавачка енергија. Социјално и правно успешни држави се оние кои тежнеат да обезбедат опкружување, во кое правата на поединецот се неприкосновени.
Просечниот македонски поединец ја има изгубено самодовербата. Тој се’ повеќе се повлекува во тивкиот свет на сопственото незадоволство, го одбегнува асоцирањето со другите, и живурка во темнината на длабокото себепреиспитување. Борбата за голо преживување не му остава простор за духовна надградба. Неговиот ментален просперитет е оневозможен од силната општествена репресија. Тој се срами од себе си и се затвора во коридорите на себенепочитувањето. Тој често е бесен на околината и се’ повеќе се дистанцира од неа. Извртениот вредносен систем што владее во општеството на кое физички му припаѓа, ја урива неговата мотивација за поголем интелектуален напор. Системот околу него забрзано транзитира кон натамошна деградација на неговите права, слободи и достоинство. Единката станува жртва на сопствената емоционална пригмеченост, која секогаш завршува со болна и трајна фрустрација. Фрустрираниот поединец, по правило, е маргиналец. За жал, грото од нашата општествена рамка денес ја чинат несреќни маргинализирани луѓе.Денес, најголемиот дел од Македонците живеат како девојчето со кибритчињата. Уморни од исцрпувачката битка со моќта, суровоста и дискриминацијата на сите нивоа, тие се подвиткуваат по соочувањето со сопствениот пораз. Замрзнати во светот исполнет со глад, неправда и држава која гасне, тие скришно ѕиркаат низ некои туѓи, накитени прозорци, зад кои се гледаат контури на среќа. Среќа на некои други луѓе што живеат во земји што ќе ги биде, во кои утре секако ќе биде подобро, во кои нивното право да се биде човек никој не го гази.
На новите генерации им изгледаат прилично необично тагата и сетата на нивните родители по старата држава. Тие се чудат како може да се негуваат топли чувства кон еден систем, кој денес е проскрибиран како сурово-комунистички, тоталитарен и ограничувачки од аспект на местото и третманот на поединецот. Како може да се прикажуваат бајки за некое монопартиско, „кодошко“ и „удбашко“ време? На оваа тема веќе пишував и претходно, а сега, многу симплифицирано, ќе ја ставам во контекст на учењето на Маслов. Имено, дека топлите мисли за таа стара држава доаѓаат од сеќавањата за една земја, во која барем се наѕираше напор, макар непроследен со многу знаење и визија, да се создаде систем на правда, во кој потребите на луѓето, онака, по Маслов, ќе може да се задоволат до ниво достојно за човечкото битие. Вистина, ние сите сакавме многу, многу повеќе. Но нашиот сон за демократија, благосостојба и конечна лична самоактуализација се распрсна како кревко стакленце во илјадници парчиња. Останавме сите, ние и нашите деца, зад дебелите стакла што ја штитат туѓата среќа, загледани тажно во туѓото, токму како девојчето со кибритчињата.

Subscribe to:
Posts (Atom)